Од Египет до Тајланд: 12 непријатни изненадувања кои може да ве дочекаат на туристичките дестинации
Египет
Многу сопственици на камили ги тренираат овие животни да реагираат само на нивна команда, па така ако јавате сами може да имате проблем.

Случаен минувач може да застане да ви побара влезници за да му кажете на која туристичка атракција одите, па да ви даде детално објаснување за неа и на крајот да ви побара пари.

Во Египет речиси никогаш нема да најдете цени на производите, дури и во супермаркетите, па подгответе се за ценкање.


Виетнам
Кога одите на пазарење мудро изберете ја облеката затоа што колку побогато им изгледате на продавачите, толку поскапи цени ќе ви понудат.

Иако воените операции се одамна завршени, сепак најдобро е да се држите до означените патишта и да не лутате по некои неразвиени територии затоа што можно е да има некоја залутна мина.

Водата од чешма може да биде извор на бактерии и вируси, ако не можете да пронајдете флаширана вода, тогаш прво извријте ја.



С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори)
Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Ис...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват
Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Топ 20 дестинации кои треба да ги посетите во 2026-та, според искусни патувачи
Бали е на првото место, но има уште многу други дестинации кои се лесно достапни...
Топ 10 потценети дестинации во Европа кои вреди да ги видите во 2026 (има и град од Македонија)
Варна во Бугарија, Изола во Словенија, Терачина во Италија и уште 8 европски дес...