„Бев на одмор во Египет, од Скопје летот е 3 часа, морето е рај – зошто топло го препорачувам?“

Јас седев на плажа во текот на целиот ден. Во вода ќе минувате многу време поради тоа што морето е прекрасно и ќе се потсетите на детските денови кога прстите ви се „гужваа“ од предолго седење во вода.

bev-na-odmor-vo-egipet-od-skopje-letot-e-3-chasa-moreto-e-raj-zoshto-toplo-go-preporachuvam-12.jpg

Африка има своја магија. Ќе видите искрени насмевки, радост кон животот, еден поинаков темперамент и одмор кој во голема мера се разликува од оние на европско тло. Верувам дека ќе ви се допадне и дека Египет ќе го посетите многу повеќе од еднаш.

Луѓето се топли и зрачат. На пример кога мојот партнер на Мухамед му спомена некои познати египетски фудбалери, а јас најпознатиот пејач од нивната држава - беше пресреќен затоа што некој се заинтересирал за неговата татковина.

bev-na-odmor-vo-egipet-od-skopje-letot-e-3-chasa-moreto-e-raj-zoshto-toplo-go-preporachuvam-14.jpg

И не само тој, сите Египќани со кои дојдовме во контакт едноставно зрачеа.

Во собите вработените од ресортот ќе ви прават разни фигури од пешкирите, ќе ве поздравуваат дури и кога на 40 степени ги кројат зелениките во ресортите кои наликуваат на ботанички градини, но кои дури и во краток период ако не се наводнуваат веднаш би се исушиле.

Хургада е мртва пустина каде нема да успее ништо ако не наводнува човекот.

bev-na-odmor-vo-egipet-od-skopje-letot-e-3-chasa-moreto-e-raj-zoshto-toplo-go-preporachuvam-07.jpg

bev-na-odmor-vo-egipet-od-skopje-letot-e-3-chasa-moreto-e-raj-zoshto-toplo-go-preporachuvam-02.jpg

Инаку си снимив видео од плажата каде палмите се лелеат додека дува ветре и морето полека се бранува. Знаете за деновите кога ќе ми биде потребно да го пронајдам духовниот мир што го чувствував таму.

bev-na-odmor-vo-egipet-od-skopje-letot-e-3-chasa-moreto-e-raj-zoshto-toplo-go-preporachuvam-37.jpg

Египет е уникатно доживување, топло ви го препорачувам за одмор.“

Повеќе фотки од Египет:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...

Најчитани неделава