Пустините во Намибија претворени во оази по неочекуван обилен дожд (фото)
Фотографот Џеј прошетал низ пустините во Намибија по обилните дождови кои се случуваат еднаш во 10 години и кои ги претвораат во вистинска оаза, а целото искуство го овековечил со прекрасни фотографии.
Пустината Намиб се наоѓа во Јужна Африка. Најголемиот дел од пустината се наоѓа во Намибија, а мали делови има и во Ангола и Јужноафриканската Република.
Пустината е долга 2.000km, а широка 200km и во неа се наоѓаат некои од најголемите песочни дини кои можат да достигнат висина и до 300 метри.
Намиб се наоѓа покрај брегот на Атлантскиот Океан, па температурите на крајбрежјето се стабилни, односно помеѓу 9 и 20 степени Целзиусови.
Но, во средишниот дел на пустината дневните температури можат да се искачат и над 45 степени. Навечер, пак, температурите можат да бидат смрзнувачки.
На некои места, врнежите во пустината се вистинска реткост – до 2 милиметри годишно. За споредба, во централниот дел на Македонија, кој се смета за „најсушен“ во државата, просечното количество врнежи е од 440 до 490 милиметри.
На почетокот од 2021 година во Намибија наврнал повеќе дожд од вообичаено, по што Намиб, но и другата пустина во државата - Калахари - се претвориле во вистински оази.
Не сакајќи да ги испушти волшебните глетки, фотографот Џеј Кабоз тргнал на 2-неделно патување низ Намиб и мал дел од Калахари за да ги фотографира волшебните пејзажи.
Во продолжение дел од нив:
Местото познато како Sossusvlei во јужниот дел на Намиб, кое обично е пресушено
Стадо коњи кои се познати како „коњи-духови“ помеѓу локалците. Наводно, нивното потекло е обвиено со мистерија и не е познато како завршиле во пустината
Фотографот кампувал покрај фарма во пустината Намиб и вели дека тогаш го видел најчистото небо во неговиот живот
Колманскоп – напуштен дијамантски рудник и гратче во коешто живееле рударите. Местото било целосно напуштено до 1960 година бидејќи резервите на дијаманти биле потрошени
Уште една фотографија од Sossusvlei – езерото се полни само кога има обилни врнежи, односно еднаш во 10 години
Фотографот истакнува дека движењето било особено тешко, посебно на места каде што имало кал од врнежите
На некои места водата од дождот веќе пресушила и зад себе оставила испукана глина
Од врнежите, кањонот на реката Tsauchab се наполнил со вода, па Џеј ја искористил можноста да се разлади бидејќи температурата надвор била 40 степени
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





