„Живеев во Париз – кои се најчестите грешки што ги прават туристите кои го посетуваат?“

Пробувајте различни француски деликатеси

Палачинките и супата од кромид се најпознатите француски специјалитети. Но, француската кујна може да понуди многу други јадења.

Кира советува да пробате печена патка, тартарски бифтек и pate de campagne.

Ако сакате да пробате автентична француска кујна, Кира вели дека е најдобро да одите во бистро, каде што менито е напишано на табла со креда пред самиот локал.

zhiveev-vo-pariz-koi-se-najchestite-greshki-shto-gi-pravat-turistite-koi-go-posetuvaat07.jpg

Времето е врнежливо, па не заборавајте чадор

Кира истакнува дека во есен, зима и пролет влажноста на воздухот е голема, но и често врне дожд. Затоа, никако не го заборавајте чадорот.

Ако, пак, ви пречи врнежливото време, Кира советува да го посетите градот во лето.

zhiveev-vo-pariz-koi-se-najchestite-greshki-shto-gi-pravat-turistite-koi-go-posetuvaat-08.jpg

Метрото е најлесниот начин да се движите низ градот

На прв поглед, париското метро изгледа комплицирано, но по две-три возења ќе сфатите дека лесно можете да се снајдете, како и дека е многу ефикасно.

„Можете да отидете на кој било крај од градот, за помалку од еден час.

Исто така советувам да си ја симнете апликацијата Bonjour RATP која им овоможува на корисниците да ја најдат најдобрата рута за нивната дестинација.

Кога се возите со метро, запомнете дека сте во голем град – избегнувајте да го користите во најголемиот метеж и внимавајте на вашите лични предмети“.

zhiveev-vo-pariz-koi-se-najchestite-greshki-shto-gi-pravat-turistite-koi-go-posetuvaat-09.jpg

Можно е да налетате на протест

Кира вели дека протестите се многу честа појава во Париз, па пред да одите, проверете ја политичката ситуација во земјата.

„Полицајците често ги затвораат метро-станиците на местата каде што има протест и ги блокираат улиците.

Препорачливо е да ги избегнувате местата каде што има демонстрации бидејќи некогаш протестите ескалираат и стануваат насилни.

Ако налетате на протест, ви препорачувам да се вратите назад, да ја најдете најблиската метро-станица и да си заминете“.

zhiveev-vo-pariz-koi-se-najchestite-greshki-shto-gi-pravat-turistite-koi-go-posetuvaat-10.jpg

Навечер парковите се затворени

Во Париз можете да видите некои од најубавите паркови во светот, но важно е да знаете дека повеќето ги затвораат навечер.

„Одете во паркот наутро за да се осигурите дека ќе имате доволно време за шетање.

Ако сакате да ѝ се восхитувате на класичната француска архитектура, одете во Luxembourg Gardens.

Можете да ја посетите и градината Palais-Royal откако ќе го видите Лувр, кој е на само неколку чекори“.

zhiveev-vo-pariz-koi-se-najchestite-greshki-shto-gi-pravat-turistite-koi-go-posetuvaat-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg