15 причини зошто повторно да се вљубите во Балканот

Свети Стефан, Црна гора

Една од најубавите глетки во Црна Гора. Порано таму постоела рибарска населба, но сега целиот остров Свети Стефан е хотелски комплекс и за да стигнете таму треба да резервирате маса во нивниот ресторан.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-13.jpg

Плитвички езера

Едно од најмагичните места кои мора да се посетат.

Областа на Плитвичките Езера е прогласена за национален парк. Овие езера се наоѓаат во источна Лика, помеѓу планините Мала Капела и Плешивица, во непосредна близина на патот кој ги поврзува Загреб и Далмација.

Регионот каде се наоѓаат овие езера е прогласен за национален парк на 8 април 1949 година, а од 1979 година е вклучен во списокот на УНЕСКО на светското наследство.

Кога шетате низ овој национален парк имате, чувство како да сте дел од некој фантастичен филм, налик Lord of the Rings.

Чувството што ви го дава е непроценливо, и тешко да се опише со зборови. Бојата на водата се менува од небесно сина, светло зелена, па се до уникатно сива.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-14.jpg

Албанска ривиера

Албанската ривиера се карактеризира со соѕвездие од карпести и изолирани плажи, опкружени со живописни ридови и вртоглави планини покриени со бујна и нескротлива вегетација што е типична за Медитеранот.

Шармантните и гостопримливи села биле изградени низ вековите помеѓу планините и морето, места каде што посетителите можат да најдат привремен дом за да уживаат во прекрасните води и воодушевувачките глетки на Јонското Море.

Со 300 дена сонце и топли температури дури и во јануари, албанската ривиера може да се ужива речиси цела година, дури и надвор од нејзините плажи, иако тие се главната атракција.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-15.jpg

Грција

Не може а да не се спомене Грција на оваа листа.

Грција е позната земја, популарна по своите чисти плажи и долгата историја. Во Грција има стотици археолошки и историски локалитети кои славно го прикажуваат минатото на земјата.

Нејзините пејзажи се главно планински и теренот не е многу плоден, освен некои долини расфрлани долж грчкото копно.

Земјата се состои од повеќе од 1.400 острови и островчиња, но само 169 од нив се населени. Тие се најпопуларните грчки дестинации, особено во лето. Големи или мали, зелени или сушни, идеални за космополитски или релаксирачки одмори, едно е сигурно: сите овие острови имаат капацитети да ви понудат незаборавни и безбедни одмори!

Во земјата се истакнуваат верскиот туризам и аџилак, екотуризмот, конференцискиот туризам и медицинскиот туризам, а се преземаат иницијативи за промовирање и на сезонскиот туризам.

Некои од главните туристички дестинации во земјата го вклучуваат главниот град Атина и секако за нас прекрасниот и единствен Солун, островите Санторини, Миконос, Родос, Крф и Крит, како и полуостровот Халкидики.

15-prichini-povtorno-da-se-vljubite-vo-Balkanot-16.jpg

Историја

За самиот крај, за повторно да се вљубиме во Балканот и да го избираме него секогаш како наша дестинација, мора да се спомене историјата на овој полуостров.

Историјата е комплексна, понекогаш како мирна пловидба под ѕвездено небо, а понекогаш како „буре барут“, но секогаш богата и разновидна. Низ таа историја, проткаени се многу судбини и, сакале или не, исповрзани се многу животи, народи, земји. Поврзани сме сите ние.

Кога се гледа Балканот, треба да се гледа како едно и единствено, како една нераскинлива целина. Ајварот го има насекаде, бурекот исто така. За неколку часови може да поминеме низ три држави, и тоа само со автомобил. Од едниот, па до другиот крај.

А, на таа површина има толку многу. Низ вековите останало, да нè потсетува, да нè зближува, и никогаш повторно да не нè раздели.

Затоа треба да се одбере Балканот, секогаш. Бидејќи е нашиот дом, кој крие толку многу убавини во него, убавини за кои не сме ни самите ние свесни дека постојат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

К. А. |Црнобело



Би можело да ве интересира:

Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg