15 нови начини како да го прашате детето - Како беше денес на училиште?

Затоа што денес е првиот училишен ден и вашето дете може да е повозбудено и позбунето од било кога, обидете се да му го олесните разговорот за училиште.

15-novi-nacini-kako-da-go-prasate-deteto-kako-bese-denes-na-uciliste-01.jpg

Дали сте забележале дека веќе секоја година му го поставувате прашањето „Како беше на училиште?“ и за возврат го добивате истиот одговор?

Постојат неколку прашања кои можете да ги поставите доколку сакате да добиете целосен и поконкретен одговор.

Олеснете си ја работата и искористете некои од овие 20 начини за да дознаете како му/и поминал првиот училишен ден:

1. Која е најдобрата работа која ти се случи денес на училиште?

2. Кажи ми, што те насмеа денес?

3. Кога би можел да бираш, со кој би седел на училиште? И зошто?

4. Кажи ми некој нов збор што го научи денес на училиште.

5. Кога сега би и се јавила на твојата учителка, што мислиш, што би ми кажала за тебе?

6. Дали денес понуди помош на некој?

7. Кажи ми барем една работа која денес ја доживеа за прв пат.

8. Кога ти беше најинтересно, а кога најздодевно?

9. Раскажи ми нешто убаво што ти се случи денес...

10. Кој збор најчесто го повторуваше твојата учителка денес?

11. Што мислиш, за што би требало повеќе да ве учат на училиште?

12. Каде најмногу се дружите на одмор?

13. Кој е најинтересен во твоето одделение и зошто?

14. Ви треба ли подолг одмор на училиште?

15. Кога на еден ден би бил учител/ка, што би направил/а?

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Го најдов тајниот дневник на баба ми по нејзината смрт, ме расплакаа работите што ги напишала за ме... „Од денес јас и ти имаме тајна. Сосема сама направи шест чекори. Не можеме да им...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg