Како да им кажете „не“ на децата без да постигнете несакан ефект?


Како да им кажете „не“ на децата без да постигнете несакан ефект?

Понекогаш изгледа како да најтешкото нешто што треба да се направи со децата е да се одбијат и да им кажете „не“.

kako-da-im-kazhete-ne-na-decata-bez-da-postignete-nesakan-efekt-01.jpg

Причината за тоа е што тоа „не“ многу често може да биде погрешно сфатено и да постигнете спротивен ефект.

Кај децата тоа предизвикува разни мисли кои водат до плачење, а понекогаш и хистерија.

Па, како да го избегнете ова и дали постои правилен начин да им кажете на децата „не“?

Секако дека постои, во продолжение прочитајте ги следните совети кои ќе ви помогнат да ги одбиете децата на смирен, културен начин кој нема да предизвика кај нив непријатни чувства:

Ретко треба да го изговарате

Ако му кажувате на секои 5 минути на детето дека не треба да прави нешто, многу брзо ќе престане да реагира на вашето „не“.

Ако пак, ретко го користите овој збор, а многу почесто му кажувате „да“ на детето, кога ќе кажете „не“, тоа веднаш ќе биде исперцепирано како важен знак дека треба веднаш да се престане со нешто.

kako-da-im-kazhete-ne-na-decata-bez-da-postignete-nesakan-efekt-02.jpg

Првото кажано „не“ игра голема улога

Важно е првиот пат кога ќе му забраните на детето нешто, тоа да биде со смирен тон, со сериозен лик и со давање јасни причини за тоа. детето треба веднаш да научи зошто на пример, не треба да црта на ѕидовите.

Не е доволно да одбиете, потребно е објаснување

Ако детето не разбере зошто нешто не е возможно или не треба да се случи, тогаш веројатно ќе ја повторни пак постапката.

Најефективен начин да кажете „не“ е да дадете добро издржани објаснувања кои детето ќе ги разбере.

Запомнете, кога детето е луто или вознемирено, тоа не ги согледува долгите и комплексни објаснувања, па обидете се да го кажете тоа на едноставен начин кој ќе допре до него.

Можете да кажете „да“, а тоа сепак да значи „не“

Доколку не сакате често да го кажувате зборот „не“ на детето, а сепак мора да го одбиете, тогаш можете да го направите тоа и со употреба на потврдна реченица.

На пример, ако детето ви побара нешто и праша дали може да го добие, одговорете со „да“, но поставете услов кога може тоа да се случи.

Така детето ќе го добие тоа што го сака, но не веднаш, и плус ќе научи да прави компромис.

kako-da-im-kazhete-ne-na-decata-bez-da-postignete-nesakan-efekt-03.jpg

Изговарајте го смирено без викање

Зависно од тоа како ќе го изговорите овој збор, неговото значење се менува. Ако вашето одбивање и негирање е изговорено со висок тон, може да предизвика кај детето мислење дека не го сакате и дека се однесувате лошо со него.

Ако го кажете истото, но со насмевка и пријатно лице, тогаш детето ќе помисли дека си играте со него и ќе го сфати тоа како дел од играта, па ќе ве послуша.

kako-da-im-kazhete-ne-na-decata-bez-da-postignete-nesakan-efekt-04.jpg

Одбијте, но понудете алтернатива

Кога ќе му понудите на детето друга алтернатива, тоа не се чувствува како постојано да е одбивано за нешто и дека не му дозволувате ништо.

На пример, ако му кажете дека не смее да си игра со некоја играчка, но му понудите друго решение и играчка со која може да се занимава, детето многу брзо ќе се согласи на алтернативата.

kako-da-im-kazhete-ne-na-decata-bez-da-postignete-nesakan-efekt-05.jpg

Не давајте лажна надеж

Родителите многу често им кажуваат на децата „не сега“, но ако не сега, тогаш, кога? Ако не си го одржите ветувањето, детето може да развие проблеми со довербата.

Дајте му на детето точна информација за да може да сфати колку е вредно да чека за тоа. на пример: „Не сега миличко, ќе го купиме ова за твојот роденден“.

Вашето „не“ не треба да биде трансформирано во „да“ од друг член на семејството

Кога нешто му забранувате на детето или поставувате правила за нешто што не треба да се прави, прво разговарајте со партнерот и останатите членови во семејството кои имаат улога во животот на детето.

Во спротивно, доколку вие нешто не дозволите, а партнерот дозволи, детето ќе почне да манипулира со вас и нема да ве сфаќа сериозно. Така, можете да направите уште поголем проблем во иднина.

Охрабрете го детето на добро однесување

Доколку после сите овие совети, успеете да му кажете на детето „не“ и тоа навистина да ве послуша, тогаш сте завршиле одлична работа во воспитувањето, но и детето треба да се пофали за доброто однесување.

Затоа, бидете благодарни и покажете му дека го цените тоа.

kako-da-im-kazhete-ne-na-decata-bez-da-postignete-nesakan-efekt-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 начини на кои бракот ќе ви се промени кога ќе добиете бебе Секој ден активно ќе мора да избирате бракот да ви биде приоритет. Да се ст...
12 причини зошто е подобро детето да оди во градинка, отколку да го чува баба дома Кога децата се мали, тие се како сунѓери. Го впиваат секое ново искуство, секој ...
За сè што „мрчев“ пред да станам мајка – а, сега истото го правам како „попче“ Немој да солиш памет за деца, кога немаш деца. Ниту за односот на родителите. Ни...

Спонзорирани линкови: