Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба?

Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат сами, во своја соба. Но, неретко ова е полесно да се каже отколку да се направи. Како да му помогнете на детето да се привикне да спие само во детската соба?

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-da-se-navikne-da-spie-samo-vo-detskata-soba-01.jpg

Преместувањето на детето во своја соба може да звучи возбудливо, но исто така е и огромна промена, како за родителите, така и за децата.

Тоа е еден момент кога детето треба да зачекори кон независност, а родителите треба да го направат што помалку стресен.

Пред да се пристапи кон овој чекор, треба да се има предвид дека вистинското време за оваа промена е различно за секое дете и за секое семејство.

Но, без разлика кога ќе се случи тоа, треба да бидете сигурни дека просторот на вашето дете е безбеден за спиење, но и дека детето е подготвено за таа промена.

Што треба да имате предвид пред да се одлучите на овој чекор?

Одберете кревет и душек со големина соодветна за детето

Можеби мислите дека подобро е да купите кревет кој ќе можете да го користите со години, но, зависно од возраста, треба да одберете кревет кој ќе му одговара на детето.

Tоа значи ако е помало, треба да изберете кревет кој е понизок и со помал душек, при што тоа ќе може да се качува без да се повреди.

Поставете го креветот на безбедно место

Погрижете се креветот на вашето дете да биде поставен подалеку од потенцијални опасности. Нека биде подалеку од прозор, радијатор, кабли, штекери...

prefrlanje-na-deteto-vo-svoja-soba-nekolku-trikovi-koi-treba-da-gi-znae-sekoj-roditel-01_copy.jpg

Направете го просторот безбеден за „ноќно талкање“

Не е чудно ниту невообичаено детето да се разбуди во текот на ноќта, затоа, обезбедете ноќно светло кое ќе свети малку, но доволно за детето да може да се ориентира во просторот.

Исто така, добра идеја е да поставите и заштитна врата за скали доколку вашето дете спие на повисок кат.

Иако не можете целосно да го спречите детето да шета во собата, сепак ќе спиете помирно доколку знаете дека во близина нема потенцијална опасност.

prefrlanje-na-deteto-vo-svoja-soba-nekolku-trikovi-koi-treba-da-gi-znae-sekoj-roditel-03.jpg

Трикови кои ќе ви помогнат за полесно прифаќање на новата соба:

Направете ја транзицијата постепена

Не мора уште веднаш да го терате детето да спие во новиот кревет. Наместо тоа, дајте си период кога ќе уживате заеднички во новиот простор.

На пример, може заедно да ја декорирате собата, да играте игри во неа...

Фокусирајте се на позитивните страни на новата просторија

Ако се работи за поголема соба, разговарајте со вашето дете за тоа колку нов простор ќе има за играње и средување на играчките. Можете да му нагласите и дека треба да има своја соба бидејќи сега е големо.

Ова може многу да ви помогне и детето самото да изрази желба да се префрли во своја соба.

prefrlanje-na-deteto-vo-svoja-soba-nekolku-trikovi-koi-treba-da-gi-znae-sekoj-roditel-02.jpg

Почнете со преместување на најомилените предмети

Најпрво префрлете ги омилените играчки, кукли, камиончиња, топки. Дозволете му на детето да им најде соодветно место во неговата соба, каде што ќе ги чувствува блиски и безбедни.

Потоа, поминете време играјќи со нив и истражувајќи го просторот.

Вклучете го вашето дете во поголем број активности

Еден од подобрите начини детето да се чувствува посигурно и поопуштено во новата соба е да учествува во нејзиното уредување.

Изберете заедно некое парче мебел, нови украси, бидете креативни и дајте му избор како, на пример, да одлучи помеѓу две бои или да ја одбере омилената постелнина.

На овој начин детето ќе чувствува дека има контрола над ситуацијата.

prefrlanje-na-deteto-vo-svoja-soba-nekolku-trikovi-koi-treba-da-gi-znae-sekoj-roditel-04.jpg

Одржувајте ја истата рутина за спиење

Кога ќе одлучите да го префрлите вашето дете во друга соба, имајте предвид дека многу е важно да ја задржите старата рутина, така што тоа подобро ќе се адаптира на новото опкружување.

На пример, доколку најпрво го бањате, а потоа му читате, не го прекинувајте овој редослед. Заедничката дружба пред спиење и читањето приказни може да му даде дополнителна самодоверба на вашето дете.

Прославете ги промените 

Правењето големи промени е причина за славење, а секако, малите деца сакаат и забава во нивна чест.

Откако ќе завршите со уредувањето на собата, организирајте си мала домашна забава која ќе ја поттикне возбудата кај вашето најмило.

М. Ѓ | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg