Ретро совети за родители: Давајте му вино на детето и не го прегрнувајте

Тогаш немало преглед за откривање на полот на детето, ниту кашички од супермаркет, па работите се правеле на еден сосема поинаков начин.

retro-soveti-za-roditeli-davajte-mu-vino-na-deteto-i-ne-go-pregrnuvajte-01.jpg

Реализирањето во улогата на родител и грижата за децата отсекогаш биле важен дел од животот на луѓето.

Како што денес постојат низа книги со упатства и Фејсбук групи, каде се споделуваат искуства, така и во минатото се делеле совети околу грижата за децата.

Многу генерации живееле следејќи ги, сè додека конечно некој не сфатил дека се погрешни.

Сигурно и вам ќе ви биде мило што тие повеќе не се практикуваат:

Како да го одредите полот на детето?

Во книгата „Works of Aristotle“ од 1684 година дадени се следниве упатства: ако кај бремена жена десното око е поподвижно и посјајно отколку левото, десниот образ е порумен од левиот и ако бремената жена е „помалку тажна од вообичаено“, таа ќе има момче, ако не, тогаш новороденчето ќе биде девојче.

retro-soveti-za-roditeli-davajte-mu-vino-na-deteto-i-ne-go-pregrnuvajte-02.jpg

Како да се грижите за новороденчето?

Во 1254 година еден доктор препорачува дека новороденото дете треба да биде прекриено со ливчиња од рози и сол, а повивањето е дозволено само од искусна медицинска сестра.

Се сметало дека бебето, како и восокот, може да добие каква било форма, така што неговиот изглед и убавина ќе зависат од вештината на дадилката.

retro-soveti-za-roditeli-davajte-mu-vino-na-deteto-i-ne-go-pregrnuvajte-03.jpg

Како да го одвикнете бебето од доење?

Во книгата за жени на доктор Џорџ Нејфс од 1869 година, можете да најдете строги, но не многу јасни совети.

На пример, се вели дека одвикнувањето на детето од доење на топло време значи да го изложите на смрт. Ако мајката мора да го стори тоа во текот на летото, треба да ангажира специјална медицинска сестра или да го испрати детето во селото.

retro-soveti-za-roditeli-davajte-mu-vino-na-deteto-i-ne-go-pregrnuvajte-04.jpg

Каков вид на вино да му давате на детето?

Доктор Мишел Савонарола во 1450 година советувал дека децата под 7 години треба да пијат обично вино разредено со вода, зависно од јачината на виното и годините на детето.

Тој велел дека подобро е да му се дава бело вино на детето, отколку црвено.

retro-soveti-za-roditeli-davajte-mu-vino-na-deteto-i-ne-go-pregrnuvajte-05.jpg

Како да го облекувате детето?

Еден женски магазин од 1890 советува дека белата боја е соодветна за сите бебиња, сината за девојчињата, а розовата за момчињата. И не, не ги измешавме боите.

retro-soveti-za-roditeli-davajte-mu-vino-na-deteto-i-ne-go-pregrnuvajte-06.jpg

Како да го храните детето?

Професорот Џон Лок во неговото дело „Thoughts on Education“ од 1692 велел дека не треба да го храните детето според распоред, бидејќи во таков случај ќе започнело да повраќа ако не добиело храна на време.

Времето на јадење треба да се менува секој ден, а ако бебето е гладно дадете му малку сув леб, па и пиво.

retro-soveti-za-roditeli-davajte-mu-vino-na-deteto-i-ne-go-pregrnuvajte-07.jpg

Како да се однесувате со детето?

Во 1910 година се препорачувала цврста комуникација со децата. Децата да не се прегрнуваат и бакнуваат многу и што поретко да се земаат во раце.

Тепањето било препорачан лек во случај на хистерија и секоја нежност била гледана како начин за разгалување на детето и не била препорачлива.

retro-soveti-za-roditeli-davajte-mu-vino-na-deteto-i-ne-go-pregrnuvajte-08.jpg

Како да го олесните растењето на запчињата кај бебето?

Кои се единствените алатки кои не биле препорачани во 15-от век за да се олесни растењето на запчињата кај детето? Паштета од мозок на зајак и маст од гуска.

Но, и во 20-тиот век ситуацијата не била многу подобра: на родителите им било советувано да ги тријат непцата на децата со алкохолни пијалаци, како виски на пример.

Доктор Марија Естер Хардинг во 1920 година напишала дека алкохолот е најдобар седатив за бебиња и мали деца, а во составот на некои сирупи дури и морфиумот бил вклучен.

retro-soveti-za-roditeli-davajte-mu-vino-na-deteto-i-ne-go-pregrnuvajte-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg