Како родителите на најуспешните бизнисмени израснале деца кои сега го менуваат светот?

За родителите никогаш не е доволно од совети за воспитување и одгледување на децата, а одлуката е нивна дали ќе ги применат.

kako-roditelite-na-najuspeshnite-biznismeni-izrasnale-deca-koi-sega-go-menuvaat-svetot-01.jpg

Покрај советите од професионалците, понекогаш е добро да се слушне што имаат да кажат и родителите кои израснале успешни деца кои сега го менуваат светот и животот на другите.

Погледнете неколку приказни за успешните луѓе и нивните родители:

Едвард и Ева Бренсон – оптимизам и независност

Родителите на Ричард Бренсон не ги криеле од него потешкотиите во животот и преку нивното искуство му покажале како да се соочува со проблемите без да изгуби оптимизам.

Тие во негово присуство зборувале за работата и плановите за иднината, а тој знаел дека парите не растат на дрво и им помагал со семејниот бизнис во локален супермаркет.

Кога сега веќе познатиот бизнисмен Ричард имал 12 години, неговата мајка го испратила со велосипед во населба која е 85 km оддалечена од нивниот дом.

Му дала неколку јаболка и 2 сендвича и му кажала дека сам ќе си го најде патот.. Следниот ден, момчето се вратило дома чувствувајќи се како вистински херој, а Ева  го пофалила и веќе подготвила нова задача за него.

Така неговата мајка го учела синот на независност, а резултатите целосно се поклопиле со очекувањата.

kako-roditelite-na-najuspeshnite-biznismeni-izrasnale-deca-koi-sega-go-menuvaat-svetot-02.jpg

Вилијам и Мери Гејтс – желба за знаење и одговорност

Родителите на Бил Гејтс обрнувале многу внимание на него и им било многу важно да му пружат подобро образование.

Во средно училиште, тие го поддржале неговиот интерес за компјутери, но инсистирале да си плати за хобито од свој џеб.

Целото семејство сакало да дискутира на секоја тема, од книги до политика, а Мери посветувала многу внимание на хуманитарни акции, па Бил сега го следи нејзиниот пример.

Таа се грижела за неговите успеси и достигнувања, но и за однесувањето во јавност и односот со другите луѓе.

kako-roditelite-na-najuspeshnite-biznismeni-izrasnale-deca-koi-sega-go-menuvaat-svetot-03.jpg

Пол и Клара Џобс – време поминато заедно и пасија за работа

Иако веќе не е помеѓу нас, Стив Џобс направи големи промени во модерниот свет на технологијата. 

Неговиот татко често го носел во гаража, каде го запознавал со автомобилите и различните механизми.

Тој му ги претставил основите на електрониката, што било клучно за неговиот понатамошен интерес во животот.

Кога имал 6 години, тој на некое девојче ја раскажал приказната за неговото посвојување, на што добил одговор: „Значи вистинските родители не те сакале?“.

Момчето било многу погодено од нејзините зборови, но потоа неговата мајка му пришла и рекла: „Ти си посебно момче, а ние сме твое семејство“.

Стив еднаш изјавил: „Тоа што знам дека сум посвоен можеби ме направи понезависен, но никогаш не се чувствував осамено. Секогаш се чувствував посебно. Моите родители ме направија посебен.“

kako-roditelite-na-najuspeshnite-biznismeni-izrasnale-deca-koi-sega-go-menuvaat-svetot-04.jpg

Едвард и Карен Закерберг – верба во детето и развој на неговите таленти

Канцеларијата на родителите на Марк Закерберг била во нивниот дом, па така тој бил навикнал уште од детството да ги гледа нив како работат и поминуваат многу време заедно.

Тие многу ги поддржувале игрите на нивното дете, обидувајќи се да ги разберат и развијат неговите таленти и интереси.

Никогаш не го казнувале физички, но му давале до знаење дека лошото однесување има последици.

Не почитувале екстреми во образованието и верувале дека децата треба да работат, но и да играат, а токму поради тоа што израснал во нивната канцеларија, од најмала возраст се запознал со компјутерите и неговите предности, па оттаму интересот за технологијата.

Според нив, најважниот совет е да не им го наметнувате вашето мислење на децата и да не ги насочувате во ваша дадена насока. Научете ги на нивните предности и поддржете ги во интересите.

kako-roditelite-na-najuspeshnite-biznismeni-izrasnale-deca-koi-sega-go-menuvaat-svetot-05.jpg

Фред и Мери Ан Трамп – дисциплина и штедење

Во Трамп семејството, има систем на наградување и казнување. Родителите ги учеле децата на штедење и почитување на парите.

Тие го охрабрувале Доналд да биде независен, а кога во тинејџерските години почнал да прави проблеми со дисциплина, татко му го пратил во воена академија за правилно да ја насочи неговата самодоверба и енергија.

Фред секогаш го учел Доналд дека мора да знае што сака, бидејќи повеќето луѓе го работат тоа што не го сакаат и на крај се неуспешни во тоа.

kako-roditelite-na-najuspeshnite-biznismeni-izrasnale-deca-koi-sega-go-menuvaat-svetot-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
7 знаци дека сте добар родител, дури и кога ви е тешко да верувате во тоа Ја почитувате приватноста на вашето дете и тоа ги споделува неговите проблеми со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg