Писмо од млад татко до сопругата: „До кога ќе молчиме? Ни мене не ми е лесно!“

„Сакам да ти кажам дека сум уморен исто како и ти, ама се трудам да ти бидам потпора. Се обидувам да останам силен и да бидам тука за тебе, бидејќи тоа ми е должност, зарем не?

pismo-od-mlad-tatko-do-soprugata-do-koga-kje-molchime-ni-mene-ne-mi-e-lesno-1.png

Анонимен млад маж ѝ напиша писмо на сопругата, како би ѝ порачал дека не им е тешко само на новите мајки. Ниту на татковците не им е лесно, а ова е неговата емотивна исповед:

Драга жено,

Разбирам како се чувствуваш. Знам дека си исцрпена, со хормони и под стрес. Ме интересира дали имаш постпородилна депресија, но како за ова да те прашам? Јас се чувствувам како да имам. Може ли воопшто татковците да имаат постпородилна депресија? Сѐ ми е ново и многу, многу тешко. Како се справуваат другите луѓе?

Двајцата се мачиме – сигурно секој може тоа да го види. Сепак, и понатаму тврдоглаво им се смешкаме на пријателите и семејството, правејќи сѐ, освен да си го признаеме тоа на себеси, или, пак, еден на друг.

Искрено, неуредната куќа ни малку не ми пречи. Би сакал тоа почесто да го кажувам, наместо да лупнам некаква глупост како: „Па, што правеше цел ден?“ како идиот, кога ќе си доаѓам дома од работа. Сакам и да ти кажам дека си неверојатна во улогата на мајка, дури и ако ти самата не се чувствуваш така.

Знам дека даваш сѐ од себе. Ти си таа што се буди секоја ноќ заради нашето бебе, како би ме поштедила мене, бидејќи наутро сум на работа. И, ова е само една од ситниците кои ги правиш за мене. Длабоко во себе, свесен сум за сѐ.

Проблемот е кога детето ќе се разбуди, ти ќе се разбудиш и јас ќе се разбудам. Понекогаш одново заспивам, додека ти го храниш, а потоа повторно се будам кога се враќаш назад во кревет. Меѓутоа, повеќето ноќи само беспомошно лежам во креветот, наслушнувајќи дали сѐ е во ред, како и дали треба да станам ако сум ти потребен.

Ова ми се случува со недели. Неретко одам на работа и заспивам на паркингот со главата на воланот. Не ми ни текнува што сум правел половина час претходно, ниту како сум стигнал на работа. Сакам да ти кажам дека сум уморен исто како и ти, ама се трудам да ти бидам потпора. Пробувам да останам силен и да бидам тука за тебе, бидејќи тоа ми е должност, зарем не?

Меѓутоа, одвнатре се чувствувам како зомби. Се обидувам да го „преживеам“ секој работен ден, без повторно да завршам во канцеларијата на шефот. Најискрено, последниве седмици ужасно ми оди. Не стигам ништо да следам и заостанувам во сѐ. Работата ми се трупа, а и стресот исто така.

Под толкав притисок сум, што не можам ни да опишам со зборови. Како да ќе се распарчам. Веќе не знам кој сум. Ми недостасува и веселата жена со која се оженив.

Неизмерно ја сакам нашава „мала среќичка“. Ама, знам дека штом зачекорам низ вратата, ти ќе ми го предадеш в раце во потполна тишина, мрморејќи, или, пак, со намрштен поглед. И тој ќе плаче, бидејќи ни го осеќа стресот. Можеби ќе биде гладен, уморен, валкан, или, пак, нешто сосема четврто.

Знам дека не е фер што посакувам да си дојдам дома, па да затекнам среќно бебе и прекрасна сопруга. Да те бакнам и да поразговарам со тебе по напорниот ден на работа, каде пак сум ги изневерил своите колеги.

Знам дека тоа нема да се случи. Затоа и седам во автомобилот, тука зад аголот, во темница. Страв ми е да си одам дома, затоа се плашам дека нема да ги задоволам твоите очекувања. Дека нема да ти бидам вистинска поддршка, колку и да се обидувам.

Сакам да знаеш дека те љубам најмногу на светот. Но, сакам да знаеш и дека ни мене не ми е лесно.

Те молам - разговарај со мене.“

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg