Ако детето повеќе сака да гледа цртани, наместо да шета и да си игра – си ја изгубил битката како родител

Si-ja-izgubil-bitkata-kako-roditel-01.jpg

Доктор Светомир Бојанин, детски психолог од Србија, има прилично добро објаснување за сите деца кои радо би гледале цртани филмови отколку да одат во прошетка со мама и тато:

Слушањето кај децата е атрибут кој е прилично занемарен. Тие се суштества кои сè повеќе се засноваат на визуелно гледање на работите.

Затоа фантазијата им е закржлавена, а послушноста практично непостоечка. Светот не го доживуваат според вистинските вредности по кои треба да се водат.

Она што го гледаат е посилно од она што го слушаат. Да, точно е децата прво го доживуваат светот визуелно, но потоа треба постепено и сè повеќе да се работи и разговара со нив, со цел да го разберат светот околу нив и самите себе.

Треба многу да им се зборува, а потоа да им се даде време истото да го репродуцираат. Најдобар начин да се постигне ова е да цртаат, бидејќи на тој начин се развиваат ментално и асоцијативно.

Од тука потекнува и зборот послушност, мораме прво да слушнеме нешто и секако, да ја послушаме молбата или наредбата.

Најдобро би било да го исклучите телевизорот и игрите од целиот овој процес. Компјутерот и телевизорот станаа бебиситерските на денешницата.

Доколку вашето дете повеќе сака само да гледа цртани филмови со часови, наместо да оди со родителите на прошетка или да си игра со други дечиња, знајте дека сте ја загубиле битката.

Некаде сте погрешиле во воспитувањето.

Потребно е да се однесувате природно со децата. Да ги вклучувате во реалниот живот, да имате слух за нивните вистински, реални потреби, а не да ја храните нивната разгаленост и каприците.

Потребно е да им се посветите на нив со време и внимание, а не со купување играчки и задоволување на празни желби.

Родителите најчесто прашуваат што да прават кога ќе им дојдат гости, а децата им се качшуваат на главата и одбиваат послушност. Или ги носат во продавница со нив, а детето баш тогаш почнува да се валка на подот и гласно да вика со цел да изнуди купување на нешто кое го посакува во тој момент.

Овие проблеми не се решаваат во вакви ситуации и на вакви места.

Доколку се однесуваме нормално си нив и не претеруваме, доколку доволно сме им се посветиле на децата на вистинскиот начин и тие знаат колку ни се важни, нема да има простор за ваков тип на разгаленост.

Доколку се навикнати да им го „купувате“ вниманието со подароци–тоа е најголемото зло за едно дете. Тие упорно бараат да им купите нешто од продавницата бидејќи за нив тоа е еден вид замена за внимание и љубов.

Тие всушност не бараат чоколатце, тие се во потрага по вашето внимание, а вие им викате или ги карате. Доколку сте им посветиле доволно внимание и сте го подготвиле за одењето во продавница, немало да се случи ништо од тоа.

Тоа значи дека на време треба да му објасните дека не може при секое одење во продавницата да се купува нешто, дека мама и тато немаат толку многу пари, но дека мама и тато го водат на прошетка, си играат со него, се дружат, а тоа е многу побитно од некакво си чоколадо, нели?

Доколку детето не добило соодветно внимание, тогаш истото ќе сака да го добие од другите луѓе, односно гостите. Затоа и најчесто „изведува“ нешто или беснее, во обид да го привлече туѓото внимание.

Со купувањето подароци може да им се појаснат на децата одредени важни датуми и настани, како роденден или празници. За помалите празници може да им дадете помали подароци, а поголемите – поголеми.

За децата, исто е особено важно каков пример гледаат дома во своите родители. Некогаш тоа е и многу поважно од она што им го зборуваме.

Доколку детето ја пишува својата домашна задача, а мајката му се обраќа на таткото прашувајќи го како соседот купил толку скап автомобил, а нема ден школо, запрашајте се каква порака му испраќа на сопственото дете?

Никако не треба да ги казнувате децата, а најмалку со ќотек. Болката која сте му ја нанеле ќе создаде омраза во него, а не реакцијата која вие ја посакувате, ниту пак ќе му го промени начинот на размислување.

Доколку им се посветуваме вистински на децата, доколку умееме да комуницираме со нив, им ја даваме нашата љубов и внимание, нема да има потреба од ќотек и казни.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg