Што можат мајките да прават во 5-те минути слободно време што едвај го добиваат?

Секоја мајка, особено кога детето е сè уште мало, фантазира дека ќе има можност да биде слободна барем пет минути, за „домот да не прооди“.

shto-mozhat-majkite-da-pravat-vo-5-te-minuti-slobodno-vreme-shto-edvaj-go-dobivaat-01.jpg

Но, кога ќе дојдат тие пет минути, од што не знаат од каде да почнат, многу мајки не ги ни користат за нешто продуктивно. Меѓу сите тие обврски, сигурно постои простор да се вметне и нешто друго.

Иако помошта од партнерот во вакви ситуации се подразбира, сепак некои нешта едноставно функционираат магично подобро кога ќе бидат направени од „женска рака“.

Ова се пет нешта што може да се направат за тие пет минути:

Бришење на видливата прашина

Со помош на прилагодлив „дастер“ со продолжена рачка, за неколку минути може да се отстрани прашината од видливите места во домот.

shto-mozhat-majkite-da-pravat-vo-5-te-minuti-slobodno-vreme-shto-edvaj-go-dobivaat-03.jpg

Да го подготви апаратот за кафе

Ова одзема навистина малку време, а доколку отпадот и филтерот се сменат претходната вечер, наутро ќе се поштедат од дополнителна нервоза.

Брзинско чистење на површините со плочки

Во тоалетот и во кујната, подовите со плочки треба да се пребришуваат секојдневно. Со само неколку потега со џогер и соодветно средство, таа акција одзема едвај пет минути.

shto-mozhat-majkite-da-pravat-vo-5-te-minuti-slobodno-vreme-shto-edvaj-go-dobivaat-02.jpg

Да се направи листа за купување

Наместо да одите семејно, па да брзате бидејќи некој плаче, а друг сака во тоалет, направете листа и држете се само до неа. Погледнете добро што веќе имате, а што треба да се купи.

Одморете неколку минути

Реално, секоја од претходните обврски можете да ја префрлите на партнерот или на оној кој ви помага дома. Но, едно нешто не можат да го направат наместо вас - да седнат и да одморат.

shto-mozhat-majkite-da-pravat-vo-5-te-minuti-slobodno-vreme-shto-edvaj-go-dobivaat-04.png

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg