Брутално искрено писмо до господинот што превртуваше со очи додека детето ми плачеше

Се прашував дали си имал лош ден или ужасниот темперамент ти е твое нормално однесување, бев беспомошна, мојата ќерка не сакаше да престане со плачење, се срамев...

brutalno-iskreno-pismo-od-majka-do-gospodinot-shto-prevrtuvashe-so-ochi-dodeka-deteto-i-placheshe-01.jpg

На интернет вирално кружи брутално искреното писмо од мајка до еден дрзок господин.

До господинот на летот 1451,

„Прво те забележав кога воздивна гласно и ги преврте очите кога ме виде мене и моето дете како се качуваме во авионот.

Случајно се погоди да седнеме зад тебе и по твоите драматични потези беше јасно дека те нервира нашето присуство.

Во тој миг мојата ќерка се смееше и си играше, очигледно прегласно за твојот вкус.

Се прашував дали си имал лош ден или ужасниот темперамент ти е твое нормално однесување,

се прашував дали жена ти се срами од тебе, додека тивко ги голташе твоите фрустрации.

Се прашував многу работи за тебе.

Дали ти се прашуваше за нас?

Дали се праша зошто мајката и малото девојче летаат сами? Бев толку возбудена за авантурата, но и нервозна.

Ова ми беше првпат да летам сама со детето.

Спакував играчки, игри, книги и симнав филмови.

Му дадов на детето дури и нешто за смирување, но не успеа и таа спиеше само 20 минути.

Сторив сè што е во моја моќ за да биде тивка и мирна и дури пазев нејзините мали стапала да не го удираат твоето седиште.

Штом полетавме, нејзините солзи почнаа. Удирањето и врескањето дојдоа наскоро.

Будна беше од рано утрината. Не беше спиена денски. Не беше јадена добро.

Закрепнуваше од инфекција на синусите и се плашев дека притисокот од висината ѝ предизвикува болка во ушите.

Беше збунета и истоштена.

Ти не помогна со твојата нервоза, дрските забелешки и погледи преку рамото.

Им се извинував на сите околу мене. Речиси ќе почнев да плачам.

Чувствував срам и вина што не можев да го контролирам своето дете.

Бев на крајот од нервите кога една стјуардеса ангел дојде и ѝ донесе чашка и цевка на ќерка ми за да си игра со неа.

И одненадеж едноставно вресоците престанаа. Детето беше задоволно, а стјуардесата ми даде поддршка дека летањето е тешко за секого и дека ние двете ќе бидеме добро.

Нејзината добрина ми го смири бебето. Нејзините едноставни зборови направија да се чувствувам подобро.

И тогаш сфатив дека проблемот не бевме ние, туку ти.

Мора да знаеш дека децата знаат да бидат ужасно неподносливи сега, но некогаш ќе го водат светот кога ти ќе бидеш стар и побелен.

Тие се нервозни, но и иновативни и брилијантни.

Можеби ќе откријат лек за типот на рак кој го има во твоето семејство.

Можеби се себични и гласни, но вредни се љубов и почит.

Можеби ќе пораснат и ќе изградат систем и власт од кој ќе имаме сите придобивка.

Тие се иднината. Тие се подарок за нивните семејства, заедницата и светот.

Ние ќе имаме еден ден потреба од нив, како што денес тие имаат од нас.

Потребен им е добар збор. Насмевка и здраво, па и само тишината е сосема во ред.

Се надевам дека следниот пат во ваква ситуација ќе се однесуваш како стјуардесата. Се надевам дека наместо нервоза и фрустрација, ќе чувствуваш добрина и надеж.

Овој свет дефинитивно е презаситен од негативност и можеби добрината што ќе ја дадеш денес, ќе ти биде вратена во иднина.“

Целото писмо:

photos/a.536494480120992/631719880598451/?type=3" data-width="630" data-show-text="true">

To the Gentleman on Flight 1451, I first noticed you when you sighed loudly as you laid eyes on me and my toddler...

Posted by Momstrosity on Sunday, February 3, 2019

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg