Низ илустрации: Како изгледа животот на мајка која го посветува целото свое време на детето?


Низ илустрации: Како изгледа животот на мајка која го посветува целото свое време на детето?

Животот на мајките не е воопшто лесен, а Кара Вестерн го пресликува секојдневието со нејзиното дете во илустрации.

niz-ilustracii-kako-izgleda-zhivotot-na-majka-koja-go-posvetuva-celoto-svoe-vreme-na-deteto-01.jpg

Иако многумина мислат дека мајките кои не работат имаат лесен живот, сепак чувањето дете е исто како работа, дури и потешко, со оглед на тоа што работата на мајките нема работно време.

Сепак, тоа што сте постојано со вашето дете има свои позитивни страни и ви го менува животот со незаборавни искуства.

Но, понекогаш се јавува и осаменост, а токму тоа ја инспирира оваа мајка да ги преслика малите моменти од животот во илустрации и да се поврзе со другите мајки за да се чувствува подобро.

Од домашни обврски, до возбудливи моменти со детето – како изгледа животот на мајките кои ги чуваат децата дома?

Новороденчињата се толку малечки кога ќе ги стуткате во раце, а една година подоцна толку многу растат, а сепак може совршено да ви влезат во прегратка.

niz-ilustracii-kako-izgleda-zhivotot-na-majka-koja-go-posvetuva-celoto-svoe-vreme-na-deteto-02.jpgТогаш vs. денес

Џејмс секогаш ми е потсетник да останам присустна, имам лоша навика да се заборавам на телефон и да губам време, а кога го правам тоа, тој доаѓа со играчка и ме вика да си играм со него.

niz-ilustracii-kako-izgleda-zhivotot-na-majka-koja-go-posvetuva-celoto-svoe-vreme-na-deteto-03.jpg

Сигурно не сум јас единствената „лоша“ мајка која не гледа програма соодветна за годините со детето. Па тој има само 18 месеци, сигурно не разбира што прави змејот од Game of Thrones, нели?!

niz-ilustracii-kako-izgleda-zhivotot-na-majka-koja-go-posvetuva-celoto-svoe-vreme-na-deteto-05.jpg

Последната посета кај педијатарот ни изгледаше вака. Всушност, сите посети кај докторот ни изгледаат вака.

niz-ilustracii-kako-izgleda-zhivotot-na-majka-koja-go-posvetuva-celoto-svoe-vreme-na-deteto-06.jpg

Кога боиш со 2-годишно дете и се молиш да не те допре со фломастер.

niz-ilustracii-kako-izgleda-zhivotot-na-majka-koja-go-posvetuva-celoto-svoe-vreme-na-deteto-07.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Зошто мајка минала 2 години без да им купи нешто ново на децата? Кејти сфатила дека огледувањето на 3 мали деца е прескапо и дека постојано се фр...
15 илустрации кои точно го опишуваат животот кога имате деца Родителството е исполнето со радосни моменти во секоја фаза, но факт е дека не е...
Остави ме да згрешам - така се учи во животот Неизбежно е да живееш во македонското општество, а притоа да не бидеш подлежен н...