12 работи кои треба да му ги кажете на детето пред да тргне на училиште


12 работи кои треба да му ги кажете на детето пред да тргне на училиште

Учиш за знаење, а не за оценки. Ако некој те малтретира да кажеш, а и ако некој друг малтретираат да делуваш.

13-raboti-koi-treba-da-mu-gi-kazhete-na-deteto-pred-da-trgne-na-uchilishte-01.jpg

Дечињата кои за првпат тргнуваат на училиште доживуваат огромна промена во животот и ова за нив е стресен момент.

За да се снајдат добро треба да им објасните некои работи.

Што да му кажете на своето дете пред да тргне на училиште:

1. Часовите не се толку важни ако за сметка на нив го запоставуваш своето ментално и физичко здравје. Ако ти е лошо, одговорност ти е да кажеш.

2. Не се споредувај со другите. Не си на училиште за оценките, туку за знаењето.

13-raboti-koi-treba-da-mu-gi-kazhete-na-deteto-pred-da-trgne-na-uchilishte-02.jpg

3. Најважна работа е да ја разбереш темата која се обработува.

4. Ако нешто ти е тешко и неразбирливо, задолжително прашај ја наставничката.

5. Нормално е да се грижиш за тестовите, но запомни училиштето не е целиот живот, па не грижи се премногу.

13-raboti-koi-treba-da-mu-gi-kazhete-na-deteto-pred-da-trgne-na-uchilishte-03.jpg

6. Наставничката исто така е личност, па таа може да биде уморна, болна или да направи грешка, запомни дека секогаш треба да ја третираш со почит и да не ѝ ја комплицираш работата.

7. Никогаш не задевај некој соученик и ако некој послаб постојано го малтретираат без причина пријави и помогни му на тоа дете.

8. Ако не ги кршиш правилата, а некоја наставничка е сурова кон тебе и те понижува кажи им на твоите родители или на некоја друга возрасна личност од училиштето.

9. Научи да комуницираш со луѓето и дури и кога ќе имаш конфликт со соучениците пронајди начин да го решиш затоа што со нив ќе учиш со години.

13-raboti-koi-treba-da-mu-gi-kazhete-na-deteto-pred-da-trgne-na-uchilishte-04.jpg

10. Обиди се да запомниш што повеќе работи на часовите, така ќе треба да учиш помалку дома и ќе имаш повеќе слободно време за играње.

11. Биди дисциплиниран, слушај ја наставничката и секогаш запишувај си забелешки на часовите.

12. Знаењето не се стекнува само на училиште, ако сакаш да знаеш нешто повеќе прашај и ќе добиеш помош за да ги пронајдеш одговорите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи кои повеќе му штетат на вашето дете од што му прават добро Секој родител се обидува да го одгледа детето правилно, но тоа навистина може да...
15 работи кои ќе ги разберат само девојките кои имаат сестра Само сестрите знаат како изгледа да имате личност која истовремено ви оди на нер...
Да каже „не“ и да не бега од проблеми: 5 работи на кои секој родител т... Родителите се оние кои треба да се постојано со своите деца во текот на животот ...