6 ситуации во кои мајките чувствуваат вина, а не треба
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 ситуации во кои мајките чувствуваат вина, а не треба

Животот на мајките не е воопшто лесен, посебно на модерните мајки што е многу поразличен од оној пред 30-50 години.

6-situacii-vo-koi-majkite-chuvstvuvaat-vina-a-ne-treba-01.jpg

Иако сега има многу работи кои го олеснуваат секојдневието на мајките, сепак денес општеството има многу барања од нив, но и ги осудува за секоја ситница.

Со тоа, мајките си создаваат поголеми стресови и непотребни притисоци, а многупати чувствуваат вина во најразлични ситуации кога тоа не е потребно.

Во многу моменти тие мислат дека се лоши мајки, иако тоа што го прават е сосема нормално и секоја од нив има право да одлучи како ќе го воспитува детето.

Ситуации во кои мајките чувствуваат вина, а не треба:

Кога го карате детето

Да, лошо е детето цело време да се кара, но лошо е и никогаш за ништо да не го искарате и да мисли дека сè е во ред. Не е добро да се вика, но и родителите се луѓе и некогаш избувнуваат. Доколку ова не се случува често, ништо не ве прави лош родител.

6-situacii-vo-koi-majkite-chuvstvuvaat-vina-a-ne-treba-02.jpg

Кога одмарате додека детето е препуштено на себе

Детето почнало да прави неред во домот, но мајката веќе нема сила за да средува на секоја минута и оди по него, па наместо тоа, решила да седне и да прочита книга, па на крајот да среди сè, но, тука се појавува чувството на вина.

А, зошто? И мајките имаат право на одмор, кој ако не го добијат, нема да бидат во можност да ги завршат сите останати родителски обврски во текот на денот и може тоа да премине во нервоза и на пример, да му се развика непотребно на детето.

Одморот не ве прави лоша мајка!

6-situacii-vo-koi-majkite-chuvstvuvaat-vina-a-ne-treba-03.jpg

Кога не разбирате зошто вашето дете плаче

Бебето јадело, пелената е променета, наспано е и повторно не престанува да плаче, а мајката не знае како да му помогне, па почнува да чувствува вина бидејќи како мајка не знае што се случува со нејзиното дете и се чувствува засрамено.

Но, тоа е сосема нормално бидејќи не е воопшто лесно да се открие зошто плаче детето кое уште не знае да каже што сака и да ги искаже желбите и потребите – не се обвинувајте што не знаете секојпат зошто тоа плаче и не можете да го задоволите.

6-situacii-vo-koi-majkite-chuvstvuvaat-vina-a-ne-treba-04.jpg

Кога го доите во јавност

За доењето во јавност мислењата се многу поделени, но доколку детето е гладно и сметате дека тоа е вистинска одлука, тогаш тоа ве прави добра мајка, а не лоша само заради осудувачките погледи на другите.

6-situacii-vo-koi-majkite-chuvstvuvaat-vina-a-ne-treba-05.jpg

Кога работите наместо да бидете со детето дома

Мајките кои работат се многу загрижени за тоа што го оставиле нивното малечко без нивно присуство, но не треба да се обвинувате ако сте одлучиле да не ја жртвувате кариерата откако породилното отсуство ви завршило.

6-situacii-vo-koi-majkite-chuvstvuvaat-vina-a-ne-treba-06.jpg

Тоа што работите значи дека се трудите детето да има подобра иднина, а тоа не ве прави лоша мајка.

Кога детето нема да ви ги исполни очекувањата

Доколку сте сакале да израснете принцеза, а вашата ќерка не е заинтересирана за часови по танци и елегантна облека, туку сака нешто подраматично и почнува да прави по свое, нормално е да чувствувате вина, но всушност, не треба да мислите дека сте лоша мајка.

Вие сте израснале креативно и независно дете со отворен ум кое сака да ги следи своите соништа и тука нема ништо лошо.

6-situacii-vo-koi-majkite-chuvstvuvaat-vina-a-ne-treba-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто мајките кои имаат повеќе деца живеат подолго? Мајките кои имаат 3, 4 или повеќе деца знаат колку може тоа да биде тешко, но ис...
5 начини на кои мајките несвесно даваат позитивен пример на нивните де... Мајките имаат огромна улога во растот и развојот на детето и тоа е непобитен фак...
Како да останете свои во хаосот што доаѓа со мајчинството и да не забо... Кога мајките мислат на грижа, ретко мислат на себе. Всушност, според истраж...