„Не ѝ помагам на сопругата ни да чисти, ни со децата“: Маж ги воодушеви мајките со видео на ТикТок

„Не ѝ помагам ни да чисти, да ja испере облеката, ни во грижата за децата. Ништо од тоа. Не можам да ѝ помагам за сите овие работи, бидејќи тоа е, всушност, и моја работа“, вели во виралното видео кое има 7 милиони прегледи.

ne-i-pomagam-na-soprugata-ni-da-chisti-ni-so-decata-toa-e-i-moja-obvrska-mazh-gi-voodushevi-majkite-so-video-na-tiktok-01.jpg

Џеј Ар Минтон на ТикТок објави видео со кое ги воодушеви мајките од цел свет.

Тој вели дека не ѝ помага на сопругата во одгледувањето на децата, во чистењето, ни во готвењето дома.

Напротив, тој смета дека ова се и негови обврски кои ги дели подеднакво со сопругата.

„Не ѝ помагам на сопругата да готви.

Не ѝ помагам ни да чисти, да пере облека, ни во грижата за децата. Ништо од тоа.

Причината поради која го правам сето ова, е затоа што се грижам за домот како татко и сопруг.

Готвам, чистам, перам облека. Се грижам за децата.

Не можам да ѝ помагам на сопругата за сите овие работи, бидејќи тоа е, всушност, и моја работа“, вели тој во видеото.

Објавата на Минтон за кратко време стана вирална, со 7 милиони прегледи и преку 15.000 коментари.

„Секоја чест. Секој татко и сопруг мора да го погледне ова видео“, му пишуваат во коментарите во знак на поддршка.

Погледете го видеото:

@minton__jr

♬ original sound - J.R. Minton

Прочитајте и Мажи, престанете да се гордеете со изјавата: „Не ѝ помагам на жена ми!“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава