„Има добра причинa зошто на бившата сопруга ѝ купувам цвеќиња“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 23-06-2019


„Има добра причинa зошто на бившата сопруга ѝ купувам цвеќиња“

„Одгледајте добри мажи. Одгледајте силни жени. Ве молам. Потребни му се на светот, сега повеќе од кога било.“

ima-dobra-prichini-zoshto-na-bivshata-sopruga-i-kupuvam-cvekjinja-01.jpg

Били Флин од Бостон е татко и поранешен сопруг, кој откри дека со некогашната сопруга има одличен однос и постојано прави работи за неа.

Многумина се изненадени од неговото однесување, па тој испрати моќен апел до сите.

„Денес е роденден на мојата поранешна сопруга, па станав порано и ѝ однесов цвеќе со картичка, па купив подарок за да ѝ го дадат децата и им помогнав да ѝ приготват појадок.

Често ме прашуваат зошто уште постојано правиш работи за неа. Тоа ужасно ме нервира, па затоа ќе им разјаснам на сите.

Одгледувам две мали момчиња. Примерот што им го давам со начинот на кој ја третирам нивната мајка значајно ќе го обликува начинот на кој тие ќе ги третираат жените и на нивната перцепција за врските. Мислам дека тоа е уште позначајно во мојот случај затоа што сме разведени.

Затоа ако не прикажувате добар пример пред децата, време е да почнете. Издигнете се над сè и бидете добар пример. Тоа е поважно од вас.

Одгледајте добри мажи. Одгледајте силни жени. Ве молам. Потребни му се на светот, сега повеќе од кога било.“

"It's my ex-wife's birthday today so I got up early and brought flowers and cards and a gift over for the kids to give...

Posted by Love What Matters on Sunday, February 12, 2017

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто плачењето е добро за вашето дете Плачењето го ослободува вашето дете од потиснатите емоции и тоа е добро за него....
6 причини зошто бабите се толку посебни за нас Mирис на свежо испечени колачиња, сива коса и топол глас... Зарем има попрекрасн...
12 причини зошто децата на Мила Кунис и Ештон Кучер нема да имаат приј... Ги учат дека се сиромашни и не ги разгалуваат со скапи подароци. Ги учат дека се...