Исповед на една мајка: 10 причини зошто не сакам второ дете

Да се биде родител можеби е најубавото нешто, но оваа улога доаѓа со голем број предизвици.

ispoved-na-edna-majka-10-prichini-zoshto-ne-sakam-da-imam-dete-01.jpg

Кога прв пат ќе станете родители, ќе добиете безброј совети за вашето малечко. Но, најверојатно ќе го слушнете и прашањето „Кога ќе размислувате за второ?“

Ако, пак, речете дека не сакате второ дете, ќе почнете да слушате критики како „Зарем не би сакале братче или сестриче за детето“ и слично.

Една жена, Меган Хансен, повеќе не можела да го трпи сето ова, па решила да сподели 10 причини зошто не сака да има второ дете.

Погледнете кои:

Јас и сопругот сме преморени

И двајцата работиме со полно работно време. Кога ќе стигнеме дома, правиме вечера и ја заспиваме ќерката. Исцрпени сме. Обично еден час пред спиење, гледаме телевизија или во телефоните.

Едноставно, немаме енергија да се будиме сред ноќ за да внимаваме на новороденчето. Тој брод замина.

Кога не спијам, работите стануваат лоши

Кога ќерката беше бебе, бев толку измачена од недостаток на сон, што во еден момент се насмеав и го прашав сопругот дали можеме да ја вратиме во болница.

Немам желба повторно да минувам низ тоа.

ispoved-na-edna-majka-10-prichini-zoshto-ne-sakam-da-imam-dete-02.jpg

Сакам да имам свое хоби

Однапред ве предупредувам дека сега кажувам нешто што е табу – сакам да имам свој живот, надвор од работата и семејството. Некои од вас сега ќе изгубат свест, а некои гласно ќе кажат „ДА“ во знак на поддршка.

Во нашето општество е всадено дека жените мораат да се грижат за сите и за сè, а грижата за себе целосно да ја занемарат.

Не сакам така да го продолжам животот. Моето семејство го сакам повеќе од сè на светот, но ми треба време, без нив, да бидам своја.

Трошоците за децата се огромни

Мислам дека јас и сопругот не можеме да си дозволиме уште едно дете. Претпоставувам дека е возможно, но тогаш ќе треба да изоставиме многу забавни работи, како носење на ќерката во зоолошка.

Ќе треба многу да размислуваме за штедење, а тоа не ми звучи забавно.

ispoved-na-edna-majka-10-prichini-zoshto-ne-sakam-da-imam-dete-03.jpg

Не сакам да расипам ништо

Знам многу луѓе кои ми имаат кажано дека првото дете им е совршено, но кога стигнало второто, со сосема други предизвикувачки ставови, одгледувањето станало напорно.

Искрено, не сум сигурна дали имам трпение за такви животни тешкотии и не сакам да го „расипам“ сето ова убаво и мирно нешто што ми се случува во животот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg