Кои се стратегиите на бебињата за да покажат љубов и да „украдат“ насмевка од родителите?

Малку нешта во животот ќе ве израдуваат како првата насмевка на вашето бебе. 

bebinjata-koristat-strategii-za-da-gi-nateraat-roditelite-da-im-se-nasmevnat-01.jpg

Во овој момент веројатно веднаш ќе посегнете по камерата за да го овековечите моментот. А, после некое време, бебето повторно ќе се насмее и почнува да ви изгледа како вашето малечко да знае дека уживате во неговата насмевка.

Па, изгледа дека бебињата свесно им се смеат на нивните мајки и ја очекуваат истата повратна реакција.

Истражување

Во истражување од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, учествувале бебиња на возраст од 4-17 недели, заедно со нивните мајки. Било анализирано нивото однесување врз основа на 4 фактори.

Научниците сакале да откријат што се случува во моментот кога мајката и детето се смеат истовремено, како и во моментот кога не се смеат.

Со цел да го измерат ефектот на ова однесување, научниците користеле техники што се употребуваат во роботиката, психологијата и информатиката.

Намерно смеење

Бебињата покажале специфично однесување кога им се насмевнувале нивните мајки. Но, не на секое однесување на мајката следел одговор од детето.

Бебињата им се насмевнувале на мајките само кога насмевката на мајката била упатена кон нив.

bebinjata-koristat-strategii-za-da-gi-nateraat-roditelite-da-im-se-nasmevnat-02.jpg

Времето и околностите се важни

Кога мајките прво се насмевнувале, а потоа се свртувале кон нивните бебиња, се случило спротивното – бебињата не реагирале.

Изгледа дека бебињата ги земаат предвид времето и околностите на насмевката. Односно, насмевката на мајката треба да биде спонтана и упатена само кон бебето, за тоа да реагира на неа.

Важноста на времето за играње

Истражувачите заклучиле дека игрите се неопходни за бебешката насмевка. Познато е дека децата учат со имитирање. Во најрана возраст, нивната перцепција е изострена, па сè што се случува околу нив активира дел од мозокот.

Па, ако бебињата забележат дека нивната мајка е среќна додека ги гледа, тие ќе ја имитираат.

bebinjata-koristat-strategii-za-da-gi-nateraat-roditelite-da-im-se-nasmevnat-03.jpg

Мало, но важно истражување

Научниците се согласуваат дека обемот на ова истражување е мал, но дека резултатите се од голема важност.

Всушност, ова истражување ја покажува основата на интеракцијата помеѓу бебињата и родителите - нешто што е малку истражено.

Ова докажува дека бебињата комуницираат со другите уште од најрана возраст и дека учат сè што ќе им се покаже.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ние мајките постојано се извинуваме - за немирното дете, за нечистиот дом, затоа што ни е потребен о... Се извинуваме затоа што нашето дете не се вклопува во „нормалата“ или затоа што ...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg