„Еден ден ќе имате време за спиење“ - Советите на една мајка за сите нови мамички

Родителството, меѓу другото, вклучува и многу учење. Пред да го добиете детето читате сè што ќе ви дојде при рака, ги слушате сите совети и на крај, имате повеќе прашања отколку одговори.

eden-den-kje-imate-vreme-za-spienje-sovetite-na-edna-majka-za-site-novi-roditeli-01.jpg

Со цел да им помогне на новите и идните родители, една мајка решила да сподели што сè сакала да знае пред да добие деца.

Од „гуглање“ на симптомите, па сѐ до чувството на вина кога ќе направи грешка, Кејти Хаф искусила сè.

Во продолжение погледнете ги работите што би сакала да ги знае пред да стане мајка:

1. Всушност, ќе спиете повторно. Еден ден.

2. Мајчиното млеко е многу добро за бебињата. Исто и формулата. Правете што морате да правите. Тоа се ваши гради, тоа е ваше бебе.

3. Времето поминато пред екран не ви е непријател. Осигурете се дека што и да гледа вашето дете е погодно за неговата возраст, а потоа испијте си го кафето на раат.

4. Знам дека бебешките чевли се преслатки, но оставете ги. Вашето бебе ќе ги износи точно еднаш пред да ја изгуби левата.

5. Секогаш имајте при рака нешто за брз ручек за кога ќе ве мрзи да готвите.

6. Единствениот пат кога ќе заборавите резервна облека за детето ќе биде моментот кога ќе имате незгода со него.

7. Единствените луѓе кои треба да ги одобрат вашите родителски одлуки сте вие и сопругот. Вие сте родителите. Сè додека им го мислите најдоброто на децата, игнорирајте ги другите.

8. Верувајте ѝ на вашата интуиција – речиси секогаш е во право.

eden-den-kje-imate-vreme-za-spienje-sovetite-na-edna-majka-za-site-novi-roditeli-02.jpg

9. Лекарот нема да ви суди ако детето носи различни чорапи на прегледот.

10. Google може да ви биде најдобар пријател и најлош непријател кога станува збор за здравјето на детето.

11. Ќе правите грешки. Ослободете се од вината и следниот пат потрудете се повеќе.

12. Листата на работи што никогаш не би ги направиле како родител ќе станува сè помала. Во ред е да се смеете на оптимизмот што сте го имале пред да станете родител.

13. Вашето расположение влијае врз децата. Ако имате проблем со нивното однесување, размислете за вашето.

14. Никој што има деца нема да ви замери ако домот ви е неуреден. Само вие си го создавате тој притисок.

15. Сите што не сакаат да гледаат фотографии од вашето дете на социјалните мрежи можат да ги игнорираат. Не чувствувајте се лошо бидејќи сте горди на вашите деца.

16. Вашите деца се исто среќни што ве имаат, колку што сте вие среќни што ги имате.

17. Ако успеете да направите фотографија на која целото семејство гледа во камерата, врамете ја. Можеби нема да успеете да направите друга.

eden-den-kje-imate-vreme-za-spienje-sovetite-na-edna-majka-za-site-novi-roditeli-03.jpg

18. Дури и кога сте убедени дека ви е потребен одмор од децата, ќе сфатите дека ви недостасуваат кога не се до вас.

19. Најубавите денови се кога целото семејство седи по пижами. Ценете ги.

20. Сакањето на децата такви какви што се е 95% завршена работа.

21. Бракот не е лесен, а кога на тоа ќе додадете и дете, ситуацијата ќе стане уште покомплицирана. Продолжете да работите на бракот, вашиот сопруг вреди.

22. Најдете ги омилените тренерки или хеланки и купете си два пара за деновите кога немате што да облечете.

23. Немојте да се лажете – на никој не му оди сè по план.

24. Вие сте добра мајка. Прекрасна, всушност. Ќе има многу денови кога ќе го заборавите ова, но тоа не значи дека не е вистина.

25. Не треба да бидете совршени за вашите деца навистина да ве сакаат.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg