Стомачето ќе ви се забележува порано: факти кои треба да ги знаете за вашата втора бременост

Кога ќе откриете дека сте повторно бремени, другите мајки може да ве предупредат дека оваа бременост ќе биде сосема поинаква од првата. 

Fakti sto treba da gi znaete koga planirate vtoro dete 01

Постојат работи што ќе се совпаднат, но и оние кои ќе бидат многу поразлични од првиот пат.

Може да се породите побрзо од првиот пат, но може да имате поголеми болки по породувањето.

Како и зошто секоја наредна бременост се разликува од првата?

Стомачето ќе почне да ви се забележува порано

Вашето тело веќе знае што да прави. Вашата матка веќе поминала низ целиот процес. Вашите лигаменти и мускули се истегнати, така што бременоста ќе стане видлива порано.

Ќе ви биде јасно кога почнува бебето да се движи 

Во првата бременост, вие најверојатно ги мешате гасовите и движењата на бебето, додека во втората бременост јасно го препознавате треперот што ги претставува раните движења на бебето.

Ќе бидете поуморни

За време на оваа бременост, покрај редовните симптоми на бременост, имате и дете за кои се грижите, но ова не е единствената причина за вашиот замор. Жените во втората бременост често забораваат да ги пијат препорачаните витамини. Пренаталните витамини можат да влијаат на нивото на енергијата.

Fakti sto treba da gi znaete koga planirate vtoro dete 02

Чувствувате поголема болка

Вашето тело брзо започнува да ги релаксира зглобовите, што доведува до поинтензивна болка во втората бременост, за разлика од првата. Хормонот релаксин (обично се зголемува во првите 14 недели од бременоста, а потоа полека се намалува) е поефикасен за време на втората бременост.

Бебето може да биде сместено пониско во абдоменот поради претходното истегнување на мускулите, што може да предизвика болка во грбот и болка во лигаментите. Добрата вест е дека сето ова исчезнува по породувањето.

Ќе почувствувате повеќе контракции

Бидејќи веќе сте почувствувале правилни контракции во првата бременост, сега лесно ќе ги препознаете. Првиот пат кога ќе се случат, можеби ќе помислите дека истите се движењата на бебето.

Породувањето е веројатно да биде пократко

Матката и грлото на матката го поминале ова искуство, така што сите фази на породување може да бидат пократки. Едно истражување открило дека раѓањето на првото бебе во просек трае активни девет часа, додека второто породување трае во просек шест часа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
Не е важно дали сте го загубиле бебето во 6-ата или 20-тата недела – вашата загуба е тешка Без разлика дали претходно не сте имале деца. Без разлика дали веќе имате дете. ...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg