Eден ден ќе ви недостигаат миговите кога целата куќа беше полна со живот - со вашите деца
Еден ден ќе сфатите дека во вашиот шкаф има премногу садови.
Еден ден ќе сфатите дека во куќата има премногу соби.
Еден ден ќе сфатите дека го држите телевизорот вклучен само за да ја исполните тишината.
Еден ден ќе сфатите дека ќе мора да се потрудите за да си ги исполните деновите.
Тогаш ќе се сетите на времето кога дваесет и четири часа не беа доволни за да ги завршите сите обврски.
Кога се заклучувавте во бањата само за да најдете малку тишина.
Кога валканите чинии и чаши се трупаа во мијалникот.
Кога целата куќа беше полна со живот - со вашите деца.
И ќе се сетите колку сте посакувале времето побрзо да помине.
Да пораснат вашите малечки и да станат самостојни.
Деновите нема засекогаш да бидат толку хаотични и неуредни.
Тишината ќе се врати, ќе се врати и слободното време.
А тогаш ќе ви недостига целата таа врева.
Која всушност не била ништо друго, туку животот во неговата најубава форма.
Би можело да ве интересира:





