Мамо извини за секој лош збор, за секојпат кога сум ти се развикала без причина

Многупати сум ѝ се развикала на мајка ми само затоа што кажала или направила нешто што не ми се допаѓа. Или не ми бил денот, па таа страдала поради моите нервози. Знаете ли колку пати сум го повишила гласот, а потоа ми било криво? Уште повеќе затоа што не сум се извинила потоа. И верувам дека не сум единствена.

mamo-izvini-za-sekoj-losh-zbor-za-sekojpat-koga-sum-ti-se-razvikala-bez-prichina-01.jpg

Неодамна прочитав дека колку повеќе време поминуваме со својата мајка, толку повеќе ѝ се продолжува животот.

Секојдневната комуникација со неа ѝ дава сила, виталност, ја прави среќна, задоволна, исполнета, а таа останува млада во духот, без оглед на годините.

Тогаш решив дека ќе поминувам колку што можам повеќе време со неа и дека неколкупати неделно ќе одам кај моите за да ручаме или вечераме заедно, да се смееме, да се опуштиме и да разговараме повеќе, за повторно да ја воспоставам онаа врска мајка-ќерка што ја имавме кога бев дете.

mamo-izvini-za-sekoj-losh-zbor-za-sekojpat-koga-sum-ti-se-razvikala-bez-prichina-04.jpg

Малку се изненади кога почнав да ѝ поставувам прашања за работи кои не сум ѝ ги споменала никогаш порано.

Ја прашав како реагирала кога дознала дека е бремена? Како ми го одбрале името со татко ми? Ме интересираше како се чувствувала кога првпат ме зела во рацете.

Не можам да го опишам изразот на нејзиното лице кога почна да ми раскажува за тие први денови од мојот живот.

„Плачеше погласно од сите бебиња што беа во болница тие први денови. Плачеше цело време, не можевме да те заспиеме со татко ти.

Престануваше само кога ќе те ставевме во кола и додека татко ти возеше - ти спиеше. Ама штом се вратевме дома, пак почнуваше да плачеш.“

Ми раскажуваше за мојот прв роденден, првите чекори, првите зборови, за раѓањето на сестра ми, за нашето растење. На моменти се смешкаше, на моменти гледав солзи во нејзините очи.

mamo-izvini-za-sekoj-losh-zbor-za-sekojpat-koga-sum-ti-se-razvikala-bez-prichina-02_copy.jpg

Разговорот ни годеше на сите - на неа, на сестра ми, мене.

Тоа што ја вративме назад во времето кога била помлада од нас, направи да се почувствува среќно, живо, да заборави на секојдневните обврски и проблеми, да го смени начинот на кој ѝ минуваат пензионерските денови.

Во еден момент ни кажа:

„Годините минуваат побрзо отколку што мислиме. Живејте со полни гради секој ден. Без воздржување. Без страв.“

Со сестра ми си ветивме дека ќе се трудиме да премолчиме кога нема да се сложуваме со неа, или барем тоа да го кажеме со мирен тон, а не со викање, но и дека ќе ѝ се извиниме кога ќе „изгубиме контрола“.

Затоа што, на овие години, мислам дека секој од нас треба да е среќен и благодарен за времето што го поминува со родителите и што ги има покрај себе.

Мамо, и јавно, пред сите: Извини за сè!

mamo-izvini-za-sekoj-losh-zbor-za-sekojpat-koga-sum-ti-se-razvikala-bez-prichina-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава