Пар од Србија, кој се прослави како контроверзен, направи детска кујна од палети за ќеркичката – со 300 денари и тоа што го имале дома
„Кога добив идеја да ѝ направиме на Доротеа кујничка, имав цел да не купиме ништо ново. Почнавме да бараме по гаражи, шупи и работилници, да најдеме сè што може да искористиме. Единствено нешто што купивме е фарба, па цела кујничка нè чинеше околу 300 денари, а таа беше вклучена во цел процес“ - вели Адриана Кадар, сопруга на Сава Џехверовиќ, која објави чекор по чекор видео од изработката.

Српските инфлуенсери Адриана Кадар и нејзиниот сопруг Сава Џехверовиќ, кој е брат на пејачката Теодора, во минатото беа познати како контроверзен пар поради разликата во години и фактот што Сава ја освоил кога имала само 14 години, а тој имал 29 тогаш.
Сега тие се познат пар кој често споделува семејни моменти од секојдневието на Инстаграм и Јутјуб, а следбениците ги обожаваат нивните видеа и совети од патувања, но и општо од животот.
Пред 2 години тие се преселија во Дубаи заедно со ќеркичката Доротеа, но често доаѓаат во Србија, во посета на нивните родители.
Неодамна, за време на престојот во Србија, тие се решиле за интересен „направи сам“ проект и создале детска кујничка, направена од палети и други стари работи кои ги нашле во гаража.
Адриана го сподели целиот процес на Инстаграм, но и во Јутјуб видео, со што инспирираше многу родители и покажа дека убавите работи не мора да бидат скапи, кога има желба и креативност.
Таа напиша:
„Кога добив идеја да ѝ направиме на Доротеа кујничка, имав една цел – да пробаме да не купиме ништо ново.
Почнавме да бараме по гаражи, шупи и работилници, да најдеме сè што може да искористиме.

На крај пронајдовме стари палети, даски, мијалник и уште многу други работи кои со години стоеле и чекале нова намена.
Со мајка ми бевме убедени дека сами ќе успееме. Но за брзо сфативме дека сепак немаме никакво искуство со вакви проекти, па тато мораше да ускокне и направи многу поголем дел отколку што првично планиравме.

Единствено нешто што купивме е фарба, останатото веќе го имавме, па цела кујничка нè чинеше околу 600 динари (300 денари).
Најубав дел од приказната е тоа што не само што настана кујна, туку и многу спомени. Доротеа од прв ден беше вклучена во сè, од расклопување палети до фарбање и бирање детали.


На крај испадна поубава отколку што замисливме. Целиот процес го снимивме и објавивме во влогот на Јутјуб“.

Погледнете го цело видео:
М. М. | Црнобело