Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разбираше, ниту јас него“
„Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 години. Искрено, тој не ме разбираше. Не разбираше зошто сум често нервозна, зошто сум надразнета...“, вели Ивана Мрвошевиќ, по потекло од Пожаревац.

Ивана Мрвошевиќ, по потекло од Пожаревац, е стоматолог и инстаграмџика која отворено споделува семејни мигови од своето секојдневие со сопругот и 3-те деца, под 3 години.
Таа сега отворено говори дека животот не е Инстаграм и дека често тоа што ни се сервира на социјалните мрежи е лага.

Ивана иако моментално не работи како стоматолог, вели дека нејзината љубов кон таа професија останува силна и планира еден ден да ѝ се врати со истиот жар со кој го започнала своето образование во Белград.

Нејзината искрена објава на Инстаграм гласи:
„Социјалните мрежи лажат!
Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 години.

Ситуации во кои партнерот не ме разбираше:
По породувањето бев преплавена со емоции и често плачев. Иако бев пресреќна дека станав мајка, партнерот не ме разбираше зошто плачев.

Не разбираше зошто одбројувам минути додека да дојде од работа, кога сум цел ден дома со децата.
Не разбираше зошто не сум пресреќна зошто седам дома и не работам (иако работев од дома, но не одев никаде).

Не разбираше зошто сум често нервозна, зошто често се преиспитувам каков родител сум, зошто сум надразнета, иако во главата ги држам сите наши случувања, прегледи, планови за намирници и слично.
Не му беше јасно зошто децата со него се помирни, зошто кај мене има повеќе драма и емоции. Зошто некогаш им дозволувам работи само за да си „купам“ мир и тишина.

