„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-тата година
„Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувствувам мир“.

Оние кои не ги разбираат луѓето кои не сакаат да имаат деца, честопати им велат дека подоцна во животот ќе зажалат за оваа одлука.
Сметаат дека можеби додека се помлади ќе уживаат, но веќе во 40-тите ќе се чувствуваат осамено и, генерално, ќе се каат што не станале родители.
Одлуката за немање деца е, секако, индивидуална, но некогаш луѓето немаат деца бидејќи не можат.
А бидејќи често се дебатира на оваа тема, некој ја спомнал и на Редит. Форумџија го постави прашањето:
„Оние кои сте во 40-тите и 50-тите, а немате деца, како се чувствувате?“
Дел од одговорите во продолжение:
„Искрено, имам измешани чувства. Се венчав со љубовта на мојот живот и не можевме да добиеме дете. Да, можевме да пробаме други методи, како ин витро, но на крај одлучивме да немаме деца.
Понекогаш се прашувам како би било и што сум пропуштила. Но, истовремено постојат многу работи што сега би ги немала ако имав деца. Си го сакам сопругот. Сакам да патувам. Си го сакам животот“.
„Се чувствувам како да имам многу пари“.
„Некои денови се чувствувам среќно, а некои денови по малку осамено. Но, главно чувствувам мир“.
„Има периоди кога посакувам да имав деца, но знам дека сум во можност да правам многу работи што не би можел ако немав деца. Исто така, не сум сигурен дека би бил добар родител“.
„Ако сум во вака лоша финансиска состојба без деца, тогаш со деца ќе беше уште полошо“.
„Навистина ми оди добро. Имам сопруг и мачка. Моите пријатели имаат деца и многу ми недостасуваат. Но, патувам што е можно повеќе, уживам во мрзливите викенди и имам многу хобија“.
„Некогаш посакувам да имам големо семејство. Но, тогаш ќе видам некоја преморена мајка со дете што плаче гласно и се премислувам“.
„Во добра форма сум и се чувствувам посреќно и попродуктивно. Животот ми е удобен. И, мислам дека сум потрпелива личност бидејќи немам деца“.
„Стигнав до 70 години без деца и уште уживам“.
„Живото ми е мирен и тивок, но мислам и малку празен. Имам сопруг и имаме миленици и иако сакав да бидам мајка, универзумот имал други планови.
Работам како наставничка, па низ годините сум имала ученици кои сум ги гледала како мои деца“.
Спирова С. | Црнобело
