„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од партнерите
„Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но, една вечер ме одведе во бар за да ми каже дека не може да преспие кај мене затоа што неговата свршеница доаѓала од друг град да го види нивниот нов стан, во кој ќе живеат по свадбата“.

Понекогаш мислиме дека ги познаваме целосно луѓето со кои го делиме животот. Им веруваме, со нив го делиме најдлабоките тајни, разговараме за сè.
Но, постојат луѓе кои после долги години поминати со некого откриле дел од нивните мрачни тајни - некои поради интуиција, други сосема случајно.
Но, сите велат исто - не можеле ни да замислат каква тајна крие партнерот.
Ова се нивните исповеди, објавени на Редит:
„Влегов во спалната соба и го видов дечко ми со ногата во уста, си ги грицкаше ноктите.
Живееме заедно веќе подолго време, во врска сме три години.
Не сакам да го исмевам, но, мора да прашам - зошто некој наместо со грицкалка или ножички, би си ги ‘сечел’ ноктите на нозе со заби?“

„Сопругот ми е Германец, па по 10 години заедно, решив да научам германски и да го изненадам. Тој работи онлајн и еднаш неделно се слуша со шефот, со кого зборува на германски.
Еден ден, додека мислев дека е на врска со шефот, случајно го слушнав како вели: ‘Не, таа нема поим. За еден месец ќе дојдам и конечно пак ќе сме заедно’.
Се здрвив, влегов во собата ѝ го прашав со кого разговара. Прво се збуни, па проба да ме излаже дека е деловен повик.
Но, кога почнав да правам сцена и му кажав дека сум го разбрала, мораше да ми признае дека ме изневерил.
На едно од своите деловни патувања во Германија, случајно запознал некоја жена и почнал афера со неа.
Поголем шок ми беше тоа што сето тоа ми го правел пред нос, без да се грижи дека може да го фатам, зашто, нели, не знам германски“.
„Си го хранев бебето, кога заѕвони ѕвончето, ама не отворив врата.
Продолжи да ѕвони, па сопругот отвори и потоа слушнав машки и женски глас кои зборуваат за бебето.
Потоа, постара жена влезе во мојата соба, ми го зеде бебето од раце и рече: „Жал ми е, не сакав да ја повредам внука ми, да биде без баба. Колку е убава“.
Останав во шок - никогаш не сум ја видела жената, а кога се запознавме со сопругот, тој ми кажа дека мајка му е почината.
Но, од мене криел дека е жива и дека го напуштила кога бил тинејџер.
Сопругот комуницира со баба му, па од неа, мајка му дознала дека имаме бебе и решила дека мора да си ја види внуката по секоја цена.
Не знам дали да се чувствувам изневерено од сопругот, не очекував мајка му ‘да воскресне’ еден ден“.

