Родители споделуваат смешни фотографии – Како се справуваат децата со учењето на дистанца?

Изгледа дека на децата веќе им е „преку глава“ од пандемијата, а овие фотографии го прикажуваат токму тоа - како ли ќе изгледа кога кај нас ќе почне школската година?

roditeli-spodeluvaat-smeshni-fotografii-kako-se-spravuvaat-decata-so-uchenjeto-na-distanca-01.jpg

Пандемијата промени многу работи, дури и начинот на кој децата ја следат наставата. Кај нас, некои ученици ќе следат настава со физичко присуство, а некои онлајн. Слична е ситуацијата и во многу држави ширум светот.

Но, не е доволно само да започне наставата, туку истата и правилно да се спроведе, а посебно за онлајн наставата ќе биде потребен многу голем труд за децата да не ја изгубат залудно годината помината во спиење пред компјутер. Наставниците, учениците, а и родителите повторно ќе имаат голема улога.

На малите деца е тешко да им се задржи вниманието со настава во живо, па само замислете што се случува кога треба да ги следат часовите од дома.

Некои родители се обиделе да најдат доза хумор во целата ситуација, па почнаа да споделуваат смешни фотографии од нивните деца додека ги следат часовите.

Изразите на нивните лица јасно кажуваат дека им е преку глава од виртуелни лекции и едвај чекаат да помине целава ситуација.

Во продолжение можете да погледнете дел од најинтересните фотографии:

„Кога имате 5 години и на првиот училишен ден во животот очекуваат да знаете како да читате, да пишувате на тастатура и да праќате мејлови“

roditeli-spodeluvaat-smeshni-fotografii-kako-se-spravuvaat-decata-so-uchenjeto-na-distanca-02.jpg

И мачката сака да учествува во часот

roditeli-spodeluvaat-smeshni-fotografii-kako-se-spravuvaat-decata-so-uchenjeto-na-distanca-03.jpg

„Еве како нашиот петтоодделенец се справува со овој понеделник. Носењето маска за чума за време на онлајн предавање најдобро ја сумира 2020-та“

roditeli-spodeluvaat-smeshni-fotografii-kako-se-spravuvaat-decata-so-uchenjeto-na-distanca-04.jpg

„Наставничката ми испрати порака да ја разбудам“

roditeli-spodeluvaat-smeshni-fotografii-kako-se-spravuvaat-decata-so-uchenjeto-na-distanca-05.jpg

„Вториот ден од онлајн часови“

roditeli-spodeluvaat-smeshni-fotografii-kako-se-spravuvaat-decata-so-uchenjeto-na-distanca-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg