Плус сајз Македонка направи моќен потег: „Некој е среќен со 50 килограми, а друг и со двојно повеќе“

„Не сите сме родени со предиспозиција за пропорции 90-60-90 и не сите имаме ист животен пат за одење. Некој може да е среќен со 50 килограми, а друг и со дупло повеќе... само да сме здрави и живи!“, порачува Фросина Ангеловска.

plus-sajz-makedonka-isprati-mokjna-poraka-deka-ubavinata-doagja-vo-razlichni-pakuvanja-01.jpg

На 6-ти октомври се слават прекрасните жени и мажи кои имаат некој килограм плус, односно се слави „Plus Size Appreciation Day“ на кој се порачува дека убавината доаѓа во различни пакувања и дека и плус сајз луѓето се убави.

plus-sajz-makedonka-isprati-mokjna-poraka-deka-ubavinata-doagja-vo-razlichni-pakuvanja-03.jpg

На оваа тема се огласи и една Македонка.

Фросина Ангеловска е стилист, моден дизајнер, шминкерка и инфлуенсерка и по овој повод на својот Инстаграм профил објави фотографија од себе со опис кој испраќа моќна порака:

„Значи денес е #plussizeappreciationday и се осеќам посебно расположена да се придружам кон хаштагот бидејќи сметам дека свеста за тоа како може да изгледа една жена, што е дозволено, што е општествено прифатливо и што е нормално се има поместено во правилна насока. Не сите сме родени со предиспозиција за пропорции 90-60-90 и не сите имаме ист животен пат за одење.

Најбитниот елемент или уште подобро пресудниот елемент во нашето битисување е среќата,а како што може некој да е среќен со 50 килограми, може некој да е среќен и со дупло повеќе... само да сме здрави и живи! Сакајте се себе ,од таму почнува се и само така ќе можете да му дадете љубов и на остатокот од светот!“

View this post on Instagram

A post shared by Angelovska Frosina (@frozi_fran)

Фотки од Фросина:

Уште фотки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg