10 лоши навики поради кои изгледате постаро отколку што навистина сте

Постојано седите, не ја отстранувате шминката навечер и имате навика да спиете на стомак.

10-loshi-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-01.jpg

За младешки изглед не е важна само негата на кожата. Всушност, многу поважно е целокупното здравје – и менталното, и физичкото.

Кога ќе се чувствувате добро и кога вашето тело ќе биде во добра форма, нормално и дека ќе изгледате подобро, дури и помладо.

Од кои навики треба да се ослободите за да се чувствувате подобро и да изгледате помладо?

Не се изложувате на сончева светлина

Само затоа што треба да користиме кремови со заштитен фактор не значи дека сончевата светлина е штетна за нас. Напротив, сончевата светлина ни е неопходна.

Сончевата светлина помага во генерирањето витамин Д во организмот, го поттикнува здравјето на коските, го намалува крвниот притисок и е добра за менталното здравје.

Важно е само да се избегнуваат периодите кога сонцето е најсилно, но не и генерално да се избегнува светлината. 

10-loshi-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-002.jpg

Постојано седите

Ова донекаде не е ваша вина – многумина имаат работни места кои бараат да седат по осум часа дневно, а и бројните активности за разонода ги правиме седнати.

Но, ова не значи дека имате изговор да не се движите.

Знаевте ли дека постојаното седење го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес, дебелина, па дури и депресија и анксиозност?

Сето ова може да се одрази и на вашиот изглед и да направи да изгледате многу постаро.

Па, пробајте да се движите повеќе во текот на денот.

10-loshi-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-003.jpg

Не учите нови работи

Учењето не треба да престане кога ќе завршите средно или факултет.

За да го одржите мозокот во добра форма, па дури и да го „подмладите“, мора да го користите.

Активностите како учење нов јазик, решавање крстозбори, сложувалки, свирење инструмент и слично ќе ви ги подобрат когнитивните способности, без разлика на вашата возраст.

10-loshi-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-04.jpg

Спиете на стомак

Иако спиењето на стомак е најудобно за повеќето од нас, факт е дека не е најдобро.

Покрај неправилната положба на телото, спиењето на стомак може да ја зголеми и појавата на брчки.

Кога спиете во оваа положба, вашето лице е на перницата и кожата е „стуткана“, па со текот на времето можно е да почнат да се појавуваат брчки кои инаку не би се појавиле.

Покрај тоа што треба да спиете на грб, препорачливо е и пред спиење да направите едноставни вежби за истегнување во креветот кои ќе ви помогнат да се релаксирате. 

10-loshi-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-05.jpg

Не се грижите за очите

Кожата околу очите е навистина деликатна и кај повеќето луѓе токму овде се појавуваат првите брчки.

Покрај тоа што треба да ја негувате кожата во оваа област, исто важно е и да се грижите за самите очи.

Ако минувате многу време пред компјутер без заштита, по некое време можно е да имате проблеми со фокусот, па обидувајќи се да видите подобро, ќе ја „истуткате“ кожата околу очите. 

Ако секојдневно сте во оваа положба, кога-тогаш ќе се појават и брчки.

Што значи, заштитете ги очите кога сте пред компјутер и ако забележите проблеми со фокусот, направете пауза.

Ако забележувате и најмали проблеми со видот, без разлика дали при читање или додека сте на компјутер, консултирајте се со лекар. 

10-loshi-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брчки, лузни: Славни дами кои не ги кријат своите мали „несовршености“ Од фалтички на вратот до флеки кои се појавуваат со текот на годините по деколте...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg