12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа)

„Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со хидратантни средства. Изгледам многу помладо од некои жени на моја возраст, а немам ни длабоки брчки на лицето“.

12-zheni-gi-otkrivaat-tajnite-za-ubavina-poradi-koi-se-chuvstvuvaat-odlichno-vo-svoja-kozha-01.jpg

Редит е платформа на која корисниците коментираат за сè и сешто, бараат одговори за своите проблеми и дилеми, но и споделуваат совети од секојдневниот живот.

Па така, откако една жена открила дека ноктите почнале да ѝ растат многу побрзо откако почнала да користи колаген, и многу други жени ги споделиле своите совети за нега и убавина.

Ова се нивните искуства, поради кои велат дека изгледаат добро и се чувствуваат одлично во својата кожа:

„Користам масло од јојоба за ноктите, за отстранување на шминката, а понекогаш го ставам и како лосион за тело, ако кожата ми е многу сува“.

„На кутикулите почнав да ставам крем за нозе на база на вазелин и уреа. Кожата ми се трансформира за само неколку дена и сега е совршена“.

„За да ми омекне кожата на рацете, понекогаш ставам вазелин пред да си легнам, па рацете ги ставам во памучни ракавици и така заспивам. Следното утро рацете ми се како да сум била на скап маникир“.

12-zheni-gi-otkrivaat-tajnite-za-ubavina-poradi-koi-se-chuvstvuvaat-odlichno-vo-svoja-kozha-03.jpg

„Ништо не прави да се чувствувам задоволно и убаво како физичкото вежбање. По еден час во фитнес сала, полна сум со енергија, расположението ми е одлично, а кожата ми сјае. Мислам дека само по вежбање имам толку сјајна кожа“.

„Откако почнав да се качувам на планина, задникот ми се поткрена, мускулите на нозете се зацврстија и целото тело ми изгледа поинакво, подобро. Никогаш претходно не сум имала толкава самодоверба“.

„Имам 49 години и од скоро одам во теретана. Почнав да одам 'по скали' на справа за вежбање и по само 6 недели забележав дека телото ми изгледа подобро од претходно. Нема откажување“.

„Секој ден стојам меѓу 1 и 5 минути на справа за одржување рамнотежа. Само со ова почнаа да ми се создаваат мускули на нозете и задникот“.

12-zheni-gi-otkrivaat-tajnite-za-ubavina-poradi-koi-se-chuvstvuvaat-odlichno-vo-svoja-kozha-04.jpg

„Од љубопитност пробав лепенки за очи против брчки и сега не можам без нив. Толку се ефикасни што ми ги измазнуваат брчките што ми се појавуваат околу очите, особено кога спијам на стомак“.

„До неодамна лицето секое утро и вечер го чистев со мицеларна вода, па со гел. Но, пред околу едем месец, купив масло за чистење лице и сфатив дека кожата никогаш не ми била толку мека и мазна“.

„Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со хидратантни средства. Изгледам многу помладо од некои жени на моја возраст, а немам ни длабоки брчки на лицето“.

12-zheni-gi-otkrivaat-tajnite-za-ubavina-poradi-koi-se-chuvstvuvaat-odlichno-vo-svoja-kozha-02.jpg

„Почнав да спијам на грб, иако цел живот сум спиела на стомак или на страна. Јас имам брчки, а сестра ми не - и тогаш сфатив дека тоа е затоа што спие на грб, па не ја 'тутка' кожата на лицето дека спие. Верувале или не, разликата на лицето веќе ја забележувам кога ќе станам наутро“.

„Почнав да спијам на перница со свилена навлака и мислам дека се преродив. Не е никаков маркетиншки трик - лицето наутро ми е помазно, не ми се прават акни, а и косата не ми се мрси толку многу“.

12-zheni-gi-otkrivaat-tajnite-za-ubavina-poradi-koi-se-chuvstvuvaat-odlichno-vo-svoja-kozha-05.jpg

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава