Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома)

Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во борбата против акните. Секако, пред да почнете да користите што било, не заборавајте да се консултирате и со дерматолог.

prirodni-nacini-za-cistenje-na-kozata-od-akni-so-pomos-na-portokal-jajca-krastavica-01.jpg

Акните се состојба на кожата која ги погодува луѓето низ целиот свет. Обично се појавуваат на лицето, вратот, рамената и грбот и не го загрозуваат здравјето.  Но сепак, можат да имаат влијание врз самодовербата.

Денес постојат разни третмани за акни, а можете да пробате и некои природни намирници што веќе ги имате дома.

Сепак, пред да почнете да користите што било на лицето, препорачливо е да се консултирате со дерматолог. Добро би било и прво да ги тестирате продуктите на мал дел од кожата, како на вратот. Доколку се појави каква било реакција, немојте да го користите продуктот на лицето.

Истовремено, ако имате сериозен проблем со акни, немојте да ги третирате на своја рака за да не си ја влошите состојбата.

Неколку природни начини за чистење на кожата од акни:

Сок од лимон

Медицински гледано, сокот од лимон е многу ефикасен во смирувањето на воспалената кожа, поради неговите антивоспалителни состојки, но и високата содржина на витамин Ц.

Исцедете еден лимон во сад, потоа натопете памук во сокот и исчистете го лицето пред спиење. Кога ќе се разбудите исплакнете го лицето со топла вода.

Кора од портокал

Кората од портокал е уште еден ефикасен начин за чистење на лицето и вратот.

Еден од најдобрите начини е нежно да ги истриете проблематичните делови од кожата со кора од портокал пред спиење.

Во утринските часови нежно исплакнете го лицето со млака вода.

Prirodni nacini za cistenje na kozata od akni so pomos na portokal jajca krastavica 02

Алое вера

Ова е една од најпознатите билки за кожа која има многу лековити својства, меѓу кои и способност да ги отстрани акните.

Земете лист од алое вера, измијте го со свежа вода, ставете го на акната и полека тријте пет минути. Ова ќе ја направи помека и ќе ги намали отокот и црвенилото.

Листовите алое вера, исто така, имаат антибактериски својства, што е корисно за уништување на бактериите во акните, со што се забрзува нивното лекување.

Белка од јајца

Пред спиење нанесете белка од јајце директно на акните. Измијте го лицето со млака вода наутро.

Кора од банана

Една од најдобрите состојки за природно отстранување акни е кора од банана. Истата содржи лутеин, како и цинк, кои можат да помогнат во борбата против акните.

Треба нежно да го измасирате лицето со внатрешниот дел од кора од банана. Почекајте 30 минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.

Prirodni nacini za cistenje na kozata od akni so pomos na portokal jajca krastavica 03

Краставица

Исечете една или две помали краставици на тенки парчиња. Потоа потопете ги во вода околу еден час. Хранливите материи, како што се витамин А, калиум, ќе останат во водата.

Исцедете ја водата во која стоеше краставицата и со неа измијте го лицето.

Лук

Да, можеби не мириса најдобро, но затоа има антивирусни, антифунгални и антисептички својства.

Свежото чешне лук исечете го на пола, потоа нежно тријте ги акните и оставете да делува пет минути. По третманот, измијте го лицето во млака вода.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg