Сѐ што треба да знаете за амниоцентезата: Кога се прави и дали е ризично?

Потенцијални ризици

Амниоцентезата со себе носи одредени ризици, исто како и секоја друга инвазивна интервенција. 

Најсериозен од сите е ризикот од спонтан абортус, но тој се случува само во 1% од случаите, а кај бременоста со близнаци во 2,5% од случаите. Други компликации вклучуваат истекување на плодовата вода, вагинално крварење, контракции, Rh сензибилизација и инфекции кај мајката, како и предвремено породување и оштетување на фетусот.

Иако ризикот од овие компликации е многу мал, многу мајки сакаат да го избегнат овој тест, или поради страв од компликации или поради страв од непријатност за време на интервенцијата. Сепак, најчесто сè поминува во најдобар ред.

se-sto-treba-da-znaete-za-amnicentezata--koga-se-pravi-i-dali-e-rizicno-07.jpg

Што после овој тест?

По самата процедура, може да почувствувате мала непријатност, но не грижете се, оваа состојба е привремена. Вашиот лекар ќе продолжи да ја следи бременоста со ултразвучни прегледи додека се чекаат резултатите од амниоцентезата.

Задолжително треба да се извести докторот за секоја сериозна промена, која вклучува вагинално крварење, треска, црвенило, зголемена активност на бебето или целосно отсуство на движење.

Сепак, треба да знаете дека во 99% од бременостите сѐ поминува во најдобар ред, па сѐ што ви треба после амниоцентезата е да се одморите и да ја следите состојбата на вашето тело и како се движи бебето.

se-sto-treba-da-znaete-za-amnicentezata--koga-se-pravi-i-dali-e-rizicno-06.jpg

Искуства

Најголемата предност на амниоцентезата е нејзината прецизност и мирната бременост која следи потоа.

Иако амниоцентезата не е толку пријатна процедура, искуствата на трудниците во повеќето случаи се позитивни, па повеќето од нив би ви препорачале да го направите овој чекор за да се уверите дека сѐ е во ред со бебето.

Повеќето од нив истакнуваат дека самата процедура не е толку болна, бидејќи се работи за убод со една игла, кој трае само неколку секунди. Препорачливо е да се одморите неколку дена по амниоцентезата, што не е ништо ново кога е бременоста во прашање, па и тоа не треба да ве загрижува. 

Од друга страна, долгото чекање на резултатите, кое може да потрае и до девет недели, се издвојува како голем недостаток.

Секако, секогаш е можно да се слушнат негативните искуства на трудниците на кои самата процедура им била тешка и болна.

Одлуката дали сакате да подлегнете на оваа процедура зависи од вас, а ние ве советуваме да одлучите која е најдобрата опција за вас и здравјето на вашето дете во консултација со вашиот лекар и партнер. 

Сепак, за кој метод и да се одлучите, важно е да бидете сигурни дека сѐ е во најдобар ред, бидејќи занемарувањето на анализите може да доведе до сериозни последици во бременоста.

se-sto-treba-da-znaete-za-amnicentezata--koga-se-pravi-i-dali-e-rizicno-03.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg