Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто лошо – смрт на најблиските, несреќа?“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

Прашањата за психолозите може да ги ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-kako-da-se-oslobodam-od-postojaniot-strav-deka-kje-se-sluchi-neshto-losho-smrt-na-najbliskite-nesrekja-01.jpg

Прашање од читател:

„Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто лошо – смрт на најблиските, несреќа, постојано живеам во грч?“

Одговор од психолог, Катерина Крстевска Ристески:

Можете да се обидете да истражите како се заплашувате со овие можни ситуации и од каде доаѓаат мислите кои ја предизвикуваат оваа ваша состојба. Проверете дали некоја дразба од надвор влијае врз начинот на вашето размислување.

Живееме во време во кое постојано сме изложени на огромно количество на информации, без разлика дали се работи за информации кои ги добиваме од социјалните мрежи, гледајќи вести, во разговор со познаници и пријатели или на некој друг начин.

Некои од тие информации ни влијаат позитивно, некои негативно, некои не се од никакво значење за нас, но сепак, ни одземаат време и енергија да ги примиме и обработиме.

Што правиме со овие информации и како ги користиме може да влијае на нашето секојдневно функционирање.

Истражете дали можеби се работи за некој страв кој се наоѓа длабоко во вас, кој е поддржан од некое ваше претходно искуство.

Бидете свесни како си ја трошите енергијата обидувајќи се да ги замислите сите можни варијанти кои можат да се случат во иднина или кои би можеле да се случат во минатото доколку сте се однесувале поинаку или би направиле нешто поразлично од тоа што е.

Како размислувањето за минатото или иднината нè одвлекува од живеењето на сегашниот момент и тоа што се случува сега и овде?

Ова се само неколку работите кои би можеле да влијаат на начинот на кој функционираме.

Што се однесува до прашањето како да се ослободите од стравот, не постои универзално решение.

Сите како луѓе сме различни и имаме различни доживувања и перцепција на работите, затоа секој од нас треба да работа на изнаоѓање идеално индивидуално решение.

Наоѓањето на дразбата која го предизвикува вашиот страв, може да ви даде насока во која да работите на себе понатаму.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Катерина Крстевска Ристески, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава