5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив

Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат да ви го расипат летниот одмор. Како можете да ги избегнете?

5-problemi-so-zdravjeto-koi-mozhat-da-vi-go-unishtuvaat-letniot-odmor-prevencija-za-niv-01.jpg

Колку и да планирате и да се подготвувате, секогаш може да излезе нешто што ќе ви го расипе летувањето. Најчесто тоа се ситници што ги забораваме и сфаќаме дека се важни дури кога е предоцна. 

За да не си го уништите ова летување, имаме неколку корисни совети за вас:

Сончаница

Сите го сакаме бронзениот тен и воопшто не ни е проблем со часови да лежиме на сонце. Но, доколку предолго сте изложени на сонце, постои ризик да добиете сончаница – болест што воопшто не е пријатна.

Сувата кожа, чешањето, високата температура и вртоглавицата се само некои од симптомите што сигурно не ги сакате додека се на одмор.

За да се заштитите, не заборавајте често да седнувате под сенка или да се разладувате во базен или море. Истовремено, никако не го изоставајте кремот со заштитен фактор.

Доколку сепак претерате со сончање и почнете да чувствувате симптоми, веднаш тргнете се од сонцето, истуширајте се, одморајте и пијте многу течности.

Ако симптомите не се смират и имате висока температура која не се спушта, препорачливо е да одите на лекар.

mali-soveti-shto-kje-vi-pomogna-da-gi-izbegnete-sitnicite-shto-mozhat-da-vi-go-unishtat-letuvanjeto-02.jpg

Проблеми со стомакот

Едно од најлошите нешта што може да ве снајде на одмор е стомачен вирус.

Промената на климата, ладната вода, високите температури и храната која лесно се расипува создаваат совршена околина за овој проблем.

На одмор секогаш носете лекарства за дијареја и проблеми со стомакот. Секако, побарајте препорака од вашиот лекар.

Истовремено, избегнувајте да јадете храна со сомнително потекло.

Уринарни инфекции

Ако има нешто полошо од стомачниот вирус, тоа се уринарните инфекции. Непријатната болка, постојаната потреба за одење во тоалет и печењето при одење во тоалет се симптоми што сигурно ќе ви го уништат одморот.

Во лето оваа појава е почеста поради дехидратацијата и влагата. Па, за да се заштитите, пијте многу течности, не го одложувајте одењето во тоалет, избегнувајте тесна облека и немојте да седите со влажен костим за капење.

Забоболка

Сигурно не сакате да се појави проблем со забите кога сте со километри оддалечени од вашиот заболекар, па затоа најдобро е да направите рутинска проверка пред да одите на одмор.

Исто така не заборавајте да понесете четка за заби, паста, конец и течност за плакнење на устата. 

Доколку сепак ви се појави болка, пробајте да ја смирите со некое апче за болка. Доколку и тоа не ви помага, најдобро е да посетите заболекар.

mali-soveti-shto-kje-vi-pomogna-da-gi-izbegnete-sitnicite-shto-mozhat-da-vi-go-unishtat-letuvanjeto-03.jpg

Дехидратација

Иако е важно да пиете вода во текот на целата година, во лето треба да обрнете посебно внимание на ова.

Повеќето од горенаведените проблеми можете да ги избегнете со доволно внесување течности, па ова е најдобриот превентивен совет.

Секогаш кога излегувате надвор носете шише вода и обидете се да испиете околу 2 литра во текот на денот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg