Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар

Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу често ги трие очите - Како да познаете дали е време да го однесете детето на очен лекар?

kako-da-znaete-dali-e-vreme-vasheto-dete-da-poseti-ochen-lekar-01.jpg

Денес, кога децата прекумерно се изложени на светлината од различни екрани, проблемите со видот стануваат сè почести.

Здравјето на очите е од особена важност и затоа треба да го сфатите сериозно, а за таа цел важно е да ги препознаете симптомите на тоа дека детето има проблем со видот.

Кои се најчестите знаци кои покажуваат дека време е да посетите очен лекар за вашето дете?

Наведната глава или покривање на едното око

За да гледа појасно, детето може да ја наведне главата или да го покрие едното око.

Ова може да биде показател дека има мрзливо око, што е едно од најчестите нарушувања на очите кај децата.

kako-da-znaete-dali-e-vreme-vasheto-dete-da-poseti-ochen-lekar-03.jpg

Седење премногу близу до телевизорот или држење уреди премногу блиску до очите

Седењето премногу блиску до телевизорот, држењето на телефонот или таблетот блиску до очите и премногу спуштена глава додека чита можат да бидат знаци за слаб вид.

Луѓето кои имаат кратковидост имаат послаб вид на далечина. Па, доближувањето на објектот ја прави сликата поголема и појасна.

kako-da-znaete-dali-e-vreme-vasheto-dete-da-poseti-ochen-lekar-02.jpg

Претерано триење на очите

Прекумерното триење на очите може да укажува на тоа дека детето се соочува со замор или напрегање на очите.

Ова може да биде знак за многу проблеми и состојби со видот, вклучувајќи и алергиски конјунктивитис.

kako-da-znaete-dali-e-vreme-vasheto-dete-da-poseti-ochen-lekar-04.jpg

Жалење на главоболка и болка во очите

Ако на крајот од денот вашето дете се жали на главоболка или болка во очите, тогаш можеби премногу се напрега во текот на денот за да го зголеми фокусот, па се заморува.

kako-da-znaete-dali-e-vreme-vasheto-dete-da-poseti-ochen-lekar-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg