8 можни знаци за дијабетес кои не треба да ги игнорирате
Замор
Заморот и по квалитетен сон може да биде индикатор за промени во нивото на шеќер во крвта, а со тоа и дијабетес.
Бидејќи шеќерите од храната не се апсорбираат правилно, на телото му недостасува енергија и се јавува замор.
Зголемено чувство на жед и почесто уринирање
Кога нивото на шеќер во крвта е зголемено, бубрезите пробуваат да го исфилтрираат, па може да почнат да користат повеќе вода од ткивата и затоа почесто да чувствувате жед.
Поради ова, пак, веројатно ќе пиете повеќе вода и почесто ќе ви се оди во тоалет.
Бавно заздравување рани
Високото ниво на шеќер во крвта може да го попречи процесот на заздравување на рани, повреди, модринки и слично.
Исто така, може да го ослаби и имунитетот, па да го зголеми ризикот од инфекции.
Трнење на екстремитетите
Трнењето на екстремитетите може да биде знак за дијабетес бидејќи болеста може да ги оштети нервите.
Прочитајте и: Жед, често уринирање, замор - Што е хипергликемија и кои се најчестите симптоми?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





