Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Често зуење во ушите и уште 8 знаци дека треба да го проверите слухот, според експерти

Чувствувате како едното или двете уши да ви се затнати и забележувате поизразен замор по дружба со други луѓе – неколку знаци дека можеби имате проблеми со слухот.

chesto-zuenje-vo-ushite-i-ushte-8-znaci-deka-treba-da-go-proverite-sluhot-spored-eksperti-01.jpg

Слабеењето на сетилото за слух е нормална појава која доаѓа со возраста.

Но, ова не значи дека треба да ги игнорирате проблемите со слухот кога сте помлади, дури и ако ви се чинат безначајни.

Ако не се третира, оштетениот слух може да влијае врз способноста за комуникација, па дури и менталното здравје.

За HuffPost, неколку експерти споделуваат кои се симптомите што не треба да ги игнорирате:

Чувство како да ви е затнато едното или двете уши

Ако имате чувство како увото да ви е затнато или полно со нешто, особено ако симптомот е придружен со вртоглавица, не треба да го игнорирате.

Ова може да биде знак за некаков проблем со внатрешното уво, како таложење на течности, инфекции или проблеми со рамнотежата.

Почесто им велите на другите да повторат што кажале

Некогаш се случува да не слушнеме што ни зборува некој, но ако забележите дека сè почесто им велите на другите да повторат, дури и на луѓе кои зборуваат гласно, проверете го слухот.

Оваа промена обично почнува суптилно и побавно, но штом е речиси секојдневие, не треба да ја игнорирате.

Замор по дружба со луѓе

Нормално е да се чувствувате уморно по дружба со други луѓе, особено ако сте интроверт.

Сепак, кога се јавуваат проблеми со слухот, мозокот повеќе се заморува бидејќи треба повеќе фокус, па секое социјално опкружување ќе ви предизвикува поизразен замор.

chesto-zuenje-vo-ushite-i-ushte-8-znaci-deka-treba-da-go-proverite-sluhot-spored-eksperti-02.jpg

Зуење во ушите

Зуењето во ушите, познато како и тинитус, може да се случи во одредени околности, како по гласен концерт.

Но, ако го забележувате секојдневно, во период од неколку недели или месеци, проверете го слухот.

Ненадејно губење на слухот во едното уво

Ако одеднаш забележите дека слухот во едното уво ви е послаб, без никаква причина, и ова трае неколку часа, тогаш одете на лекар

Некогаш причината за оваа појава може да биде таложење на ушен восок или инфекција, но секако е знак што не треба да се игнорира.

Ви се чини дека многу луѓе не зборуваат доволно гласно и јасно

Има луѓе кои зборуваат потивко од другите, но ако ова е нешто што го забележувате кај сите, можеби проблемот е во вашиот слух.

На лицата со ослабен слух може да им биде потешко да ги разберат другите, особено кога одоколу има и други звуци.

chesto-zuenje-vo-ushite-i-ushte-8-znaci-deka-treba-da-go-proverite-sluhot-spored-eksperti-03.jpg

Гледање телевизија со посилен звук

Некогаш има разлика во звукот на она што го гледаме на телевизија (или компјутер, лаптоп или слично), па нормално е да го зголемиме или намалиме звукот.

Сепак, ако забележите дека сè што гледате ви е многу тивко и сè повеќе го засилувате звукот, можно е да имате некакви проблеми со ушите.

Не можете да следите разговор ако не владее тишина

Дали ви е тешко да следите разговор кога околу вас има и други звуци, како автомобили, музика и слично?

Кога се јавуваат проблеми со слухот, на мозокот му е тешко да ги изолира другите звуци, па ќе ви биде проблематично да разберете што зборува некој, дури и ако е близу до вас.

Забелешки од блиските

Ако пријателите и семејството ви велат дека не ви се слуша, дури и на шега, немојте да ги игнорирате.

Иако мислиме дека би забележале дека имаме проблеми со слухот, ова се случува постепено и вие можете воопшто да не бидете свесни.

Па, штом блиските неколкупати ќе ви спомнат нешто за слухот, сепак проверете го.

chesto-zuenje-vo-ushite-i-ushte-8-znaci-deka-treba-da-go-proverite-sluhot-spored-eksperti-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи ако секоја вечер спиете помалку од 7 часа? Дебелеење, но и проблеми со кожата, како акни и црвенило – со што сè ќе се соочи...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Исповед на скопјанка: „Влегов во менопауза и почнав да се менувам - зошто сакам да ‘излезам’ од сопс... „Топло-ладните флешови ги замени нешто уште пострашно - неконтролирано ноќно пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg