Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 можни знаци на аутизам кај жени, според психијатар

Повторливо, компулсивно однесување, како и интереси кои се граничат со опсесија – кои се знаците дека жена можеби има аутизам, според психијатар?

5-mozhni-znaci-na-autizam-kaj-zheni-spored-psihijatar-01.jpg

Зборот „аутизам“ првпат е спомнат уште во 1911 година, но повеќе како симптом на шизофренија отколку посебна состојба.

Дури во 1940-тите аутизмот почнува да се гледа како одделна состојба, но бидејќи немало доволно истражувања, со години не бил соодветно дијагностицирана или третирана.

Иако денес изгледа како бројот на лица со аутизам да е зголемен, разликата е во тоа што сега експертите повеќе ја разбираат состојбата и подобро можат да ја дијагностицираат, а со тоа и да им дадат поголема поддршка на своите пациенти.

Сепак, аутизмот обично се дијагностицира кај мали деца, па има многу возрасни со оваа состојба кои не добиле соодветна дијагноза.

Важно е да знаете дека не можете сами да си дијагностицирате аутизам и ако сметате дека имате каков бил проблем, треба да се консултирате со експерт.

Бидејќи, ако забележувате еден симптом на аутизам не мора да значи дека ја имате оваа состојба.

5-mozhni-znaci-na-autizam-kaj-zheni-spored-psihijatar07.JPG

Исто така, симптомите што се поврзуваат со аутизам може да се појават и кај лица кои ја немаат оваа состојба, но да не бидат толку изразени.

Професор и доктор Ахмед Ханкир кој е професор во Англија и наградуван психијатар сподели видео на ТикТок во кое зборува за симптомите на аутизам кај жени.

Генерално, аутизмот е потешко да се дијагностицира кај жени бидејќи истражувањата покажале дека тие подобро можат да ги скријат симптомите.

Важно е да се напомни дека видеото е од едукативен карактер и не може да замени разговор со професионалец.

Петте симптоми на аутизам кај жени:

Повторливо, компулсивно однесување

Ова повторливо однесување може да се однесува на нишкање, постојано допирање на косата, триење на стапалата... Може да биде и испуштање одредени звуци, допирање одредени предмети и слично.

Ваквото повторливо однесување може да се забележи и кај други луѓе, но кај лицата со аутизам е многу поизразено и обично да им помага да се смират.

Според докторот, бидејќи овие повторливи движења им се познати на жените со аутизам, може да им помогнат да се смират кога се под стрес или анксиозни - нешто што може да биде честа појава кај аутизмот.

5-mozhni-znaci-na-autizam-kaj-zheni-spored-psihijatar-02.JPG

Избувливост и проблеми со регулирањето на емоциите

На жените со аутизам може да им биде тешко да ги регулираат емоциите, а ова да води до интензивни чувства кои предизвикуваат и „нервен слом“.

Кога ќе изгубат контрола, може да плачат, да викаат на глас и генерално да се однесуваат гневно.

На секој му се случува да се разгневи, но кога е во прашање аутизам, избувливоста е поизразена и се случува многу почесто.

5-mozhni-znaci-na-autizam-kaj-zheni-spored-psihijatar-03.JPG

Прикривање на симптомите

Како што веќе спомнавме, жените и девојчињата почесто ги маскираат симптомите на аутизам и затоа е потешко да добијат точна дијагноза.

Главно ова е поради некои социјални норми, односно пробуваат да се однесуваат како што општеството очекува од нив, па затоа и ги кријат симптомите.

Ова, пак, може да биде исцрпувачко и да води до емоционален, физички и ментален замор.

Прикривањето не се однесува само на емоции, туку има секојдневни работи како потребни, желби и интереси, со цел да се вклопат во сликата што општеството ја има за жените.

5-mozhni-znaci-na-autizam-kaj-zheni-spored-psihijatar-04.JPG

Сензорна чувствителност

Докторот вели дека еден чест симптом кај жените со аутизам е изразената сензорна чувствителност. Односно, тие се почувствителни т.е. не можат да поднесат одредени мириси, вкусови, текстури, звуци, допири…

Важно е да се нагласи дека на секој човек му пречи по нешто, како многу гласен звук, но чувствителноста кај оние со аутизам е поизразена.

На пример, може целосно да избегнуваат да носат памучна облека бидејќи не можат да поднесат како материјалот им се трие од телото.

5-mozhni-znaci-na-autizam-kaj-zheni-spored-psihijatar-05.JPG

Интереси кои се граничат со опсесија

Секој човек страстен за нешто, без разлика дали тоа е неговата работа или некое хоби.

Но, кај жените со аутизам овој интерес може да премине во опсесија. Односно, додека лицата без аутизам уживаат во својот интерес, оние со аутизам нема да го гледаат интересот како забава, туку како нешто што мораат да го направат.

5-mozhni-znaci-na-autizam-kaj-zheni-spored-psihijatar-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 симптоми на инфаркт за кои жените треба да бидат свесни Постои разлика меѓу симптомите на инфаркт што ги чувствуваат мажите и жените. И,...
Беснило и уште 4 болести кои можат да предизвикаат многу болна смрт Смртноста од беснило е особена висока – речиси 100% штом ќе се појават симптомит...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
8 суптилни симптоми на депресија кај мажите (не покажуваат тага, туку бес) Мажите со депресија често не покажуваат тага. Наместо тоа, можеби ќе изгледаат п...
8 симптоми на аутизам кај возрасни, според експерти Аутизмот може да се дијагностицира на секоја возраст, па добро е да ги знаете си...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg