9 работи што ги прават докторите кога патуваат за да не се разболат
Носат заштитна маска на места со многу луѓе, како аеродром, и постојано ги мијат рацете или користат средство за дезинфекција. Како докторите се штитат од настинки и други болести кога патуваат?
Можеби најлош период да се разболите е додека сте на патување.
Секако, настинките и другите здравствени проблеми никогаш не се пријатни, но се особено иритантни кога патуваме.
Иронично, шансите да се разболите кога сте на патување не се така мали бидејќи минувате повеќе време со други луѓе, а овде е и заморот од целото патување.
Неколку лекари споделуваат што да преземете за да го избегнете разболувањето за време на патување:
Носете заштитна маска на аеродромот и во авионот
Иако корона вирусот веќе не е проблем како во пикот на пандемијата, секогаш е добро да се заштитите од вируси и бактерии кога сте на место со многу луѓе, како аеродром.
На секое патување понесете неколку заштитни маски, па секојпат кога ќе одите на место со многу луѓе, користете ги.
Со толку многу луѓе околу вас, никогаш не знаете дали некој има настинка, грип или што било, па не губите ништо ако ставите маска
Често мијте ги рацете
Мијте ги рацете секогаш кога ќе имате можност, а со себе задолжително носете и средство за дезинфекција и користете го секојпат кога сте на место со многу луѓе, како градски автобус.
Кога пак, влегувате во авион или автобус, пребришете ја масичката пред вас и држачите со марамче за дезинфекција.
Пијте доволно вода
Кога летате со авион, најдобро избегнувајте алкохол и пијте доволно вода бидејќи дехидратацијата може да ви предизвика низа проблеми со здравјето.
Зајакнете го имунитетот
Пред да одите на патување, добро би било да го зајакнете имунитетот – на пример, можете да пиете витамин Ц.
Избегнувајте го пикот на сезоната
Во пикот на сезоната има најмногу луѓе, што значи поголеми се шансите да се заразите од нешто. Исто така, тогаш е поскапо.
Па, ако имате можност, прескокнете го пикот.
Одмарајте
Кога патуваме, сите сме на „турбо“, но заморот може да го ослаби имунитетот и да ве направи посклони кон разни болести.
Осигурете се дека ќе спиете доволно, особено ако сте на патување кое бара многу пешачење.
Хранете се здраво
Точно е дека кога сме на патување, не е едноставно да водиме многу сметка за исхраната. Но, трудете се да внесувате многу овошје и зеленчук.
Секако, уживајте во локалните специјалитети, но не заборавајте да направите и баланс. На овој начин ќе го зајакнете имунитетот и ќе го намалите ризикот од заболувања.
Носете крем со фактор
Дури и ако не одите на плажа, препорачливо е да носите крем со фактор.
Кога цел ден го минувате на отворено, лесно е да изгорите, а изгорениците од сонце не се воопшто пријатни и некогаш можат да предизвикаат температура.
Понесете лекови
Кога одите на патување, секогаш имајте и лекови, за секој случај.
Понесете аспирин, нешто за болка, нешто за настинка, антихистамини ако имате алергии, нешто против дијареја… Секогаш е подобро да бидете подготвени, дури и ако не се разболите.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





