4 важни прашања кои мора да си ги поставиме пред да јадеме

Помеѓу секојдневните домашни и работни обврски, животот може да стане толку хаотичен и забрзан што почнуваме да јадеме брзи оброци и да посегнуваме по храната која ќе ни се најде при рака не внимавајќи дали е здрава и дали воопшто сме гладни.

4-vazni-prasanja-koi-mora-da-si-gi-postavime-pred-da-jademe

Без разлика дали имаме за цел да ги намалиме килограмите или да јадеме здраво, пред секој оброк треба да си ги поставиме овие важни прашања:

1. Дали сме гладни?

Многу пати посегнуваме по храната од досада, поради практичност (пакетчето чипс беше отворено), депресија (чоколадото теши кога сме лошо расположени), среќа (било кој вид) или желба (кој би им одолеал на колачите кои колешката ги донесла на работа).

Затоа следниот пат пред да посегнеме по јадење треба да се запрашаме дали сме воопшто гладни и дали ни е време за оброк. Ако неодамна сме јаделе, тогаш сигурно не сме гладни.

2. Дали со оваа храна ги добивам потребните хранливи состојки?

Јадеме за да живееме што значи дека храната мора да ни дава витамини и хранливи состојки кои ќе ни овозможат нормално да функционираме.

Освен што мора да биде здрава храната, таа мора и да биде врамнотежена. Ако сме имале појадок богат со белковини, тогаш за ручек би требало да изедеме оброк кој содржи повеќе растителни влакна, железо или витамин А. За ваков оброк и меѓуоброк треба да се размислува како за сложувалка наречена прехрана.

3. Дали оваа храна содржи добар број на калории?

Некој оброк може да биде здрав, но да содржи многу повеќе калории отколку што би требало за тој дел од денот.

Зависно до нашата телесна тежина и желбата да се изгуби вишокот на килограми, треба да се внимава појадокот да содржи помеѓу 300 и 500 калории, ручекот и вечерата помеѓу 400 и 600, а ужината околу 150 калории.

4. Постои ли здрава алтернатива?

Дали може да намачкаме обичен путер на обично печиво или путер од кикирики на печиво од цело зрно. Здрава алтернатива не постои секогаш, а понекогаш и не сакаме да ја одбереме ако станува збор за храна која ни е омилена. Сепак, повеќето оброци би требало да бидат похранливи.

Кога и да можеме, треба да консумираме здрава храна за да ги намалиме маснотиите, холестеролот, натриумот и шеќерот.

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg