Најбизарни алергии
Алергијата претставува преосетливост на одредени супстанци кои за повеќето луѓе се безопасни. Најчести алергии се оние на полен, прашина и...

...слично. Но, некои алергии навистина им го прават животот невозможен на оние кои ги имаат. Следат најбизарните алергии.
- 9 годишната Кара не смее да помисли да допре ковани пари. Кованиците содржат никел кој на девојчето и предизвикува рани и дамки на рацете. Таа мора да носи памучни ракавици секој пат кога ќе допре пари, накит, каиш, копчиња, па дури и вратата од дворот.
- Грејс Морли пати од една од најретките алергии која може да ја убие за неколку минути. Ова 14 годишно девојке паѓа во шок доколку изеде јаболко во близина на бреза! Чудно, Грејс нема алергиска реакција ниту на јаболка, ниту на дрвото. Но, заедно тие се потенцијално смртна комбинација за неа.
- Елис Худ смее да јаде само банани и домати бидејќи скоро сè што ќе допре и предизвикува страшна егзема и исипување на целото тело. 3 годишното девојче е буквално затвореник во својот дом завиткана во завои од глава до пети.
- Џастин Даих е алергичен на училиште, не може воопшто ни да се приближи до него. Неговата алергија предизвикува непрестано да кива и по неколку часа што е страшно исцрпувачко за неговото тело.
- Сузи Браун страда од најлошата алергија на кикирики. Со самото тоа што таа ќе влезе во просторија каде што некој јадел кикирики, дури и по неколку часа откако си заминале, тоа и предизвикува смртен акутен напад. Таа била затвореник во својот дом скоро 10 години, но сега откако добил специјално направена маска почнала да се враќа во општеството.
Би можело да ве интересира:
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот
Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда
Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн...
„Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“.
...
Храна и пијалаци што ќе ви помогнат ако се прејадете за време на празниците (ја намалуваат подуеност...
Краставиците содржат висок процент на вода и го хидрираат телото, па може да пом...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно)
Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
Обилен оброк, инфаркт или чир на желудник: Можни причини зошто имате киселини
Ако киселините не ви поминуваат, ги забележувате почесто или стануваат поинтензи...
