15 совети што ќе ви помогнат ако првпат одите кај психолог или психијатар

Немојте да го лажете терапевтот и не очекувајте да се претворите во нова личност по само две-три средби. Што е добро да знаете ако првпат одите на терапија?

15-soveti-shto-kje-vi-pomognat-ako-prvpat-odite-kaj-psiholog-ili-psihijatar-01.jpg

Иако уште постои стигма околу проблемите со менталното здравје, сепак е забележан голем напредок и денес одењето на психијатар или психолог не е само вообичаено, туку и препорачливо.

Во животот сите ќе се соочиме со кризен период и во овие мигови нема ништо лошо во тоа да побараме и професионална помош.

Ако никогаш претходно не сте биле на психијатар или психолог, нормално е да се чувствувате загрижени или исплашено.

Сепак, не е лесно да ги споделите вашите најдлабоки мисли, стравови и грижи со личност којашто првпат ја гледате.

Неколку совети што ќе ви бидат од корист ако првпат одите на психијатар:

Што да очекувате од првата средба?

Најпрво, немојте да одите на психијатар со очекување тој да ги реши сите ваши проблеми.

Терапевтот нема да ви каже кои се вашите грешки или што треба да правите следно, туку ќе ви биде како водич кој ќе ви помогне подобро да се разберете себеси и она што ви се случува. Сето ова со цел да можете да си ја подобрите состојбата на менталното здравје, а со тоа и животот.

Ако терапевтот воочи дека имате ментално нарушување, како анксиозност или депресија, тогаш може да ви препорача терапија со лекови или да ве упати кај експерт за таа област.

За време на првата средба, терапевтот главно ќе ве прашува за вашиот живот, како се справувате со предизвиците, кои се вашите грижи, како и причината зошто сте дошле.

За време на оваа средба ќе можете да утврдите и дали овој терапевт е добар за вас – ако не ви се допаѓа, секогаш можете да го замените.

15-soveti-shto-kje-vi-pomognat-ako-prvpat-odite-kaj-psiholog-ili-psihijatar-02.JPG

За што да зборувате на терапија?

Не постои правилник за тоа за што треба да зборувате со терапевтот.

Ако не сте сигурни од каде да почнете, следниве теми се добри за првата средба:

1. Вашето секојдневие – што правите вообичаено во текот на неделата, што би сакале да промените, ситуации кои ви создаваат стрес, гнев, тага и слично.

2. Вашите емоции – како се чувствувате периодов, што ве прави среќни или тажни.

3. Вашите мисли – можете да почнете со мислите што ви предизвикуваат немир, без разлика дали се тоа некои сеќавања, мисли за себе или за некоја друга личност, лоши мисли од кои не можете да се ослободите…

4. Вашите врски – односот со семејството, пријателите, партнерот… Што ви се допаѓа во односот со другите, што ви пречи?

5. Животни промени и предизвици – ако сте пред голема промена или соочени со предизвик, слободно зборувајте за тоа и како се чувствувате во целата ситуација.

6. Трауми од минатото – какви било ситуации што оставиле трага врз вас и сметате дека имаат влијание и во сегашноста.

7. Причини зошто сте на терапија – без разлика дали е конкретен проблем или само сакате да се разберете подобро. Кажете му на терапевтот што очекувате од терапијата.

8. Вашата животна приказна – кажете нешто повеќе за себе, вашите интереси, вашето детство, школски години, кариера. Не мора да споделите буквално сè, туку доволно детали за терапевтот да може да оформи слика за вас.

15-soveti-shto-kje-vi-pomognat-ako-prvpat-odite-kaj-psiholog-ili-psihijatar-03.JPG

Што не треба да правите на терапија?

9. Немојте да ги криете емоциите – овде сте за да разговарате за нив и криењето и затворањето пред терапевтот ќе ја намали ефикасноста на самата терапија.

10. Немојте да лажете – терапевтот нема да ве осудува и гледајте го разговорот со него како можност на безбеден начин да ги споделите вашите грижи и маки. Лажењето ќе ви штети.

11. Не му поставувајте лични прашања на терапевтот – нормално е да бидете љубопитни за животот на терапевтот, но важно е да има граници во вашиот однос. Терапевтот не треба да се зближува со неговите пациенти за да може да остане објективен.

15-soveti-shto-kje-vi-pomognat-ako-prvpat-odite-kaj-psiholog-ili-psihijatar-04.jpg

Како да ја направите терапијата поефективна?

12. Направете рефлексија за себе и вашето однесување – во разговорот со терапевтот треба да развиете поголема самосвесност. За време на терапијата, терапевтот ќе ве предизвика да размислите за некои ваши однесувања и мисли кои можеби ќе ве поттикнат да промените нешто.

13. Бидете добри и трпеливи кон себе – некогаш терапијата може да биде и интензивна, некогаш може да плачете, да бидете гневни… Сето ова е во ред, особено ако сте се соочиле со голема траума или сте потиснувале многу емоции. Подобрувањето на менталната состојба нема да биде линеарно и нормално е некогаш да мислите дека нема напредок.

14. Водете дневник – ова може да ви помогне подобро да разберете некои работи за себе, а може да ви биде и потсетник за она што сакате да го споделите со терапевтот. Дневникот ќе ви помогне и да воочите колку сте напреднале.

15. Дајте си време – нема да се чувствувате како нова личност по две-три средби со терапевтот. Па, не очекувајте трансформација уште на почетокот. Терапијата може да биде процес кој ќе трае подолго.

15-soveti-shto-kje-vi-pomognat-ako-prvpat-odite-kaj-psiholog-ili-psihijatar-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg