Како да се храните според крвната група

Постои врска помеѓу крвните групи и одреден вид на храна, таа врска ја откри Dr. Petar D’Adamo, кој цел живот ја проучува оваа проблематика. Денес , е конечно познато кои производи треба даги јадеме, а кои да ги избегнуваме врз основа на тоа која крвна група сме и ако сакаме да ослабиме или да останеме во добра форма.

kako-da-se-hranite-spored-krvnata-grupa-2

Во нашата крв настануваат хемиски реакции на храната. Реакцијата зависи од генетското наследство, а ја предизвикуваат протеините кои се наоѓаат во храната, а кои имаат својство на лепење, односно прават крвните станици да се лепат околу протеините. Повеќето од тие протеини немаат сериозни последици, што е добра вест, но сепак некои можат да предизвикаат здравствени проблеми.

Исхраната според крвна група овозможува следење на природниот циклус на телото, па затоа проучете која храна ви годи, а која треба да ја избегнувате.

Крвна група 0

Ова е најстарата крвна група, а луѓето кои ја имаат се природни месојади. Најдобро реагираат на исхрана, богата со протеини од животинско потекло. Овие луѓе треба да се пазат од јеглехидратите, бидејќи тешко ги варат. Значи дозволено е месо, риба, зеленчук и овошје, додека во умерени количини треба да конзумирате житарки, грав и мешунки. Ако сакате да симнете некој килограм треба да се храните со морски плодови, џигер, црвено месо, кељ, спанаќ и брокула, а во оваа мисија ќе ви одмогне пченицата, пченката, гравот, леќата, зелка, сенф.

Крвна група  А

Оваа крвна група слабо поднесува храна од животинско потекло, а органите за варење им се многу чувствителни. Најмногу им одговара исхрана богата со житарки, мешунки, овошје и зеленчук. Дозволено е да јадат продукти на база на соја, морски плодови, житарки, грав, мешунки и овошје. Меѓу храната која помага во слабеење спаѓа соја, нерафинирано растително масло, зеленчук, ананас, а нема да ви помогне многу месо, млечни производи, грав и пченица.

Крвна група Б

Луѓето кои спаѓаат во оваа крвна група имаат среќа, бидејќи нивниот систем за варење им е многу прилагодлив, па добро поднесуваат секаков вид на храна, освен пченка, леќа и кикирики. Меѓу дозволените производи спаѓа месото (но не пилешко), млечни производи, житарки, грав, мешунки, овошје и зеленчук. Ако сакате да ослабите јадете доста зелена салата, јајца, месо од дивеч, џигер и пијте чаеви.

Крвна група АБ

Оваа група добро реагира на умерена месна исхрана, а меѓу дозволените продукти спаѓа месото, морските плодови, млечни производи, тофу, грав, мешунки, житарки, овошје и зеленчук. Ако слабеете, а и припаѓате ан оваа група, че ви годи тофу, морски плодови, млечни производи, зелена салата, ананас и алги, а треба да избегнувате црвено месо, грав, семки и пченка.

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg