Ако имате некои од овие симптоми, веднаш посетете гинеколог

Топлото време е рај за бактерии. Чувајте се од главниот виновник за вашиот проблем може да биде зголемен секретот, црвенило, болките при половиот однос, зачестено мокрење.

ako-imate-nekoi-od-ovie-simptomi-vednas-posete-ginekolog-01

Ако почувствувате некој од овие симптоми, дефинитивно имате вагинална инфекција и мора одма да почнете со нивно лечење.

Бактериите и габичките кои живеат во вагината во нормални услови не предизвикуваат тегоби. Нормалните вагинални бактерии со помош на хормоните во јајниците, од шеќерот произведуваат млечна киселина и вагиналната средина е закиселена, а таа киселост го спречува размножувањето на патогени бактерии и габички кои ве штитат од воспаленија.

Но, ако се наруши рамнотежата на вагиналната флора, присутните причинители може да го предизвикаат воспалението.

Честото користење неадекватни интимни гелови кои ја намалуваат киселоста на вагината создаваат плодна површина за габички кои најчесто ги напаѓаат оние кои носат танги, тесна облека од синтетички материјали кои предизвикуваат потење. Услугата на габичките им правите и кога пиете засладени пијалаци.

ako-imate-nekoi-od-ovie-simptomi-vednas-posete-ginekolog-1.jpg

Стресот е предизвикувач на инфекции

Кандидата е габичка која е вообичаено присутна во вагината, но во променети услови може да предизвика воспаление. За настанување на воспаление не е неопходен полов однос, а размножувањето на габичките помага и намалениот имунитет и стресот. Габичките добиваат простор за раст и при примената на антибиотици бидејќи се уништува вагиналната флора. Го погодува и зголеменото ниво на шеќер во крвта.

Што може да ви помогне?

За интимната нега употребувајте гелови со ниска pH вредност од 4,5 до 5, но најдобро е да се измивате само со вода. Избегнувајте парфимирани марамчиња, бидејќи можат да предизвикаат иритација која го поттикнува настанувањето инфекции. Капењето во када заменете го со туширање, а по пливањето облечете сув костум за капење. Бидете умерени со слатките и зајакнете го имунитетот со здрав начин на живот и здрава исхрана.

Хигиената е половина превенција

За време на менструацијата, тампоните или влошките менувајте ги барем на секои 3-4 часа. Ако се развие габична инфекција, долната облека ставајте ја да откисне и испеглајте ја по сушењето, бидејќи вообичаеното перење не ги уништува бактериите.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg