Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување

„Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“ – вели водечкиот доктор на тимот истражувачи кои докажале дека стресот го забрзува ширењето на болеста за 2 до 4 пати.

nauchnicite-potvrdija-ako-imate-rak-i-ste-pod-stres-bolesta-se-shiri-i-do-4-pati-pobrzo-01.jpg

Веќе со години се знае дека стресот има влијание врз ширењето на ракот во телото, а сега научниците конечно имаат потврда за тоа како ова чувство може дополнително да ја влоши состојбата.

Група научници од лабораторијата Cold Spring Harbor во Њујорк успеале да покажат како стресот влијае врз ракот.

Имено, тие докажале дека стресот предизвикува да се креираат „лепливи пајажини“ од бели крвни клетки што се нарекуваат неутрофили, коишто им ја олеснуваат работата на клетките на ракот полесно да ги нападнат ткивата.

nauchnicite-potvrdija-ako-imate-rak-i-ste-pod-stres-bolesta-se-shiri-i-do-4-pati-pobrzo-05.jpg

Истражувањето било направено врз глувци заболени од рак на дојка, а научниците докажале дека кога глувците се ставени во стресни ситуации, ризикот од брзото проширување на ракот се зголемил за 2 до 4 пати.

nauchnicite-potvrdija-ako-imate-rak-i-ste-pod-stres-bolesta-se-shiri-i-do-4-pati-pobrzo-07.jpg

Оваа студија докажала дека стресот има огромна улога во ширењето на ракот во телото, но не докажува дали тој е и причинител на болеста.

„Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак.

Можете да замислите дека сте добиле дијагноза и не можете да престанете да размислувате за болеста или за парите што ви се потребни, или за семејството.

Затоа многу е важно да сфатите како стресот влијае врз болеста“ – вели д-р Ше Јан Си од тимот истражувачи.

nauchnicite-potvrdija-ako-imate-rak-i-ste-pod-stres-bolesta-se-shiri-i-do-4-pati-pobrzo-06.jpg

Глувците врз кои биле правени истражувањата биле заболени од рак на дојка и било истражувано колку брзо ќе се прошири на белите дробови. Дел од глувците биле изложувани на стрес, како силна светлина, силни звуци, изгладнување...

Кај овие глувци биле забележани зголемен број метастази, а исто така било забележано дека стресот предизвикал намалување на бројот на имуни клетки. Хормоните што се ослободуваат при стрес исто така придонесуваат за побрзо ширење на болеста.

Па така, во еден миг било забележано дека кај глувците веќе и не постојат имуни клетки, туку само неутрофили кои помагаат да се шири болеста.

nauchnicite-potvrdija-ako-imate-rak-i-ste-pod-stres-bolesta-se-shiri-i-do-4-pati-pobrzo-02.jpg

Било утврдено и дека стресот може да предизвика совршена средина во ткивата за развој на клетките на ракот, па кај пациентите што се под постојан стрес, постои многу поголем ризик од болеста.

Ова истражување, освен што им дало увид за тоа како се шири ракот, исто така покажало и како би требало да се одвива терапијата во иднина.

Тие забележале дека прво мора да се отстранат неутрофилите со помош на антитела и да се користи лек што ќе го спречи нивното понатамошно формирање, па на тој начин ракот престанува да се шири.

Научниците се сигурни дека се на добар пат да најдат начин да го сопрат ширењето на ракот предизвикан од стрес.

nauchnicite-potvrdija-ako-imate-rak-i-ste-pod-stres-bolesta-se-shiri-i-do-4-pati-pobrzo-03.jpeg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg