Без диета, јадете паметно!

bez-dieta-jadete-pametno-povekjeКога ќе се спомне „диета“, што прво ви доаѓа на памет? Јадење без мерак, тони и тони марула без вкус, несолено месо, изгладнување со сокови и вода...

 

Уф, ова навистина звучи одвратно! Или,како што би рекле Американците:

Don’t - Не
Imagine - замислувај
Eating - да го јадеш
This - тоа

Сиромашни диети, помодарски диети и сл. праќаат само лоша порака. Вашето тело bez-dieta-jadete-pametnoне ви е непријател кој треба да се победи. Но, градењето здрави животни навики може – и треба – да биде забавно.

Секој тип храна има сопствени специфични предности и потенцијални слабости. Дури и чоколадата (темната, се разбира), може да штити од висок крвен притисок или некои срцеви заболувања.

Од друга страна, пак ако јадете ништо освен грејпфрут, ќе се „натоварите“ со витамини, но ќе ви недостигаат некои важни хранливи состојки.

Клучниот збор е „рамнотежа“. Премногу од сè може и да штети. Но, и недоволно од сè, може да биде биде уште поштетно.

Колку долго мислите дека ќе може да оди вашиот автомобил без масло и со малку гориво? Уште неколку километри можеби, не повеќе.

И со вашето тело е така. Ако го „испостите“ организмот, кратејќи го она што му треба, бргу ќе ги почувствувате последиците. Тајната е во тоа да имате свест што е „гориво“ за Вашиот организам.

Некои „горива“ и „масла“ се помоќни и овозможуваат механизмот подолго да фукнционира.

За да биде вашето тело оптимално нахрането додека губите на тежина, разгледајте ги овие препораки:

  • Контролирајте ја големината на оброците. Зошто ви е потребна преполна чинија?
  • Осмислете си паметна замена. Зошто да не ставите сенф (11 калории) наместо мајонез (99 калории) во сендвичот? Којзнае, можеби така ќе ви биде повкусен.
  • Сосредоточете се на "моќна храна". Богата со протеини, влакна, нискокалорична со комплекс јаглехидрати – од ова ќе добиете најмногу, а сепак во помала чинија.
  • Внимавајте на навиките. Бесконечното грицкање, „емотивно“ нахранување и обилни ужини меѓу оброците се лоши навики кои оставаат плус килограми.
  • Вашата омилена храна во разумни количини нема да ви штети.
  • Не е убаво ниту по цел ден да се јаде овошје – овошјето нека замени еден оброк.
  • Сувомеснато не е дозволено – освен 1-2 пати месечно ако ви е омилена храна.

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени и дали се опасни? Иако изгледаат слично, испуканите капилари и проширените вени се различни појави...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 25 години и уште сум немала секс, како да му кажам на дечкот... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Сѐ што треба да знаете за амниоцентезата: Кога се прави и дали е ризично? Трудниците чувствуваат страв дури и само од помислата на овој тест, но преку ова...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg