Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање?

Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, но одредени намирници, како спанаќ и сок од цвекло, побрзо го намалуваат воспалението, а со тоа и болката.

prirodni-lekovi-za-vospaleni-muskuli-zoshto-se-javuva-bolka-po-vezhbanje-01.jpg

Болката во мускулите може да се јави од многу причини, но дефинитивно најчестата е вежбањето, особено по долга пауза.

Некогаш болката во мускулите може да биде предизвикана и од повреда, инфекција или друг проблем со здравјето.

Болката во мускулите е и честа појава при настинка или грип.

Ако сте имале напорен тренинг и не чувствувате други симптоми, тогаш болката најверојатно е од вежбање.

Но, доколку чувствувате интензивна болка која не се подобрува, заедно со други симптоми, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

prirodni-lekovi-za-vospaleni-muskuli-zoshto-se-javuva-bolka-po-vezhbanje-02.jpg

Зошто ни се воспалуваат мускулите по вежбање?

Претходно експертите веруваа дека болката по вежбање е поради акумулирањето млечна киселина во мускулите.

Сепак, понови истражувања покажуват дека ова не е точно.

Телото навистина создава млечна киселина кога користи складирана енергија. Но, овој вишок киселина брзо се намалува по завршувањето на тренингот.

Поради ова, не може да предизвика болка која трае неколку дена подоцна.

Причината за болката е нешто друго.

prirodni-lekovi-za-vospaleni-muskuli-zoshto-se-javuva-bolka-po-vezhbanje-03.jpg

Кога вежбате напорно, како со тегови, ткивото на мускулите малку се кине. Ова кинење е микроскопско и е сосема природен процес, но може да предизвика непријатност, односно болка.

Ако подолго време не сте вежбале одреден дел од телото, кога повторно ќе го активирате, ќе се јави ова кинење.

Болката од оваа појава се чувствува подоцна – неколку часови, па и денови по тренингот.

Но, иако ова е нормален процес, важно е да не се форсирате со вежбањето.

Односно, ако првпат по неколку месеци влегувате во теретана, немојте веднаш да почнете со најинтензивните вежби бидејќи може да предизвикате оштетување на мускулите, а со тоа и многу поинтензивна болка.

prirodni-lekovi-za-vospaleni-muskuli-zoshto-se-javuva-bolka-po-vezhbanje-04.jpg

Како да се справите со болката и може ли да се спречи?

Можеби ви звучи нелогично, но еден од начините да ја намалите болката е таканареченото активно закрепнување.

Ова значи дека додека ви трае болката, продолжете да бидете активни, но со полесни вежби кои не ги оптоваруваат мускулите.

Со активното закрепнување се зголемува дотокот на крв до мускулите и зглобовите. Ова, пак, го забрзува закрепнувањето на мускулите, а со тоа и побрзо ја намалува болката.

Овде спаѓаат вежби како трчање со помала брзина или полесни јога вежби.

Важно е да знаете дека напорните тренинзи не спаѓаат во активно закрепнување и всушност можат да ви ја влошат болката.

Од друга страна, постои и пасивно закрепнување кое подразбира одморање на телото и се препорачува кога имате повреди.

prirodni-lekovi-za-vospaleni-muskuli-zoshto-se-javuva-bolka-po-vezhbanje-05.jpg

Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите, но постојат некои трикови што можат да ги ублажат симптомите.

Дел од нив во продолжение:

Масажа

Масажата веднаш по вежбањето може да ја намали болката во мускулите, а ова е трик што го користат и професионалните спортисти.

Топли облоги

Топлите облоги ќе го зголемат дотокот на крв, а ова може ја намали болката во мускулите.

prirodni-lekovi-za-vospaleni-muskuli-zoshto-se-javuva-bolka-po-vezhbanje-06.jpg

Спиење

Спомнавме дека активното закрепнување е добро, но исто важен е и одморот, бидејќи кога спиеме, телото закрепнува најмногу.

Па, вечерта по напорен тренинг осигурете се дека ќе се наспиете добро.

Пијте многу вода

Пиењето доволно вода е клучно, без разлика дали имате воспалени мускули или не.

Само, немојте да пиете многу вода веднаш пред вежбање, туку испијте поголемо количество два до три часа пред тренинг.

Потоа, повторно испијте чаша вода околу половина час по тренингот.

prirodni-lekovi-za-vospaleni-muskuli-zoshto-se-javuva-bolka-po-vezhbanje-07.jpg

На следната страница, храна и пијалаци што можат да ви бидат од помош…



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg